За истоименото село, видете Добрушево.

Општина Добрушево — рурална поранешна општина во Југозападна Македонија, основана 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Могила. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Добрушево.

Населени места Во Општина Добрушево спаѓале следниве села: Мусинци, Алинци, Путурус, Мојно, Дедебалци, Црничани, Ношпал, Будаково, Трап и Добрушево.

Население Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината има 2.174 жители, од кои:

националност број Македонци 1.950 Турци 216 Албанци 4 Срби 1 останати 3

Наводи

Поврзано

Општини во Македонија Општина Могила Добрушево

Добрушево Добрушево Добрушево