Шабан Бајрамовиќ (српска кирилица: Шабан Бајрамовић; – ), наречен Шаби, бил српски-ромски музичар, познат како „Кралот на ромската музика".

Животопис

Потеклото  Бајрамовиќ е роден во Ниш во ромско семејство во Циганско Маало. За себе велел: „Јас не сум Ром, јас сум Србин, српски Циган“.Ђорђевић 2011, p. 121 Првите четири години од основно училиште ги завршил во Ниш. Го напуштил школото и своито музичко образование го добил на улица. 

Затвор На 19 години побегнал од војска, поради љубов. Како десертер, бил осуден на три години затвор на островот Голи Оток. Во затворот, времето го поминал како голман во затворскиот фудбалски тим. Поради неговата брзина, го нарекле „Црн пантер“. Потоа тој се приклучил кон затворскиот оркестар кој свирел, меѓу другото, џез (најчесто Луис Армстронг, Френк Синатра, а понекогаш Џон Колтрејн) со шпански и мексикански песни. Неговите затворски денови се мотив на расказот „Пелмо ме сам“ (ромски: Pelmo me sam) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 23-31.

По излегувањето од Голи Оток, започнала неговата музичка кариера. Првата музичка снимка ја направил во 1964 година. Се смета дека има составено 650 композиции.

Последните години Во 2008 година, било објавено дека Бајрамовиќ живеел сиромашно во Ниш со сериозни здравствени компликации и повеќе не бил во можност да оди. Владата на Србија интервенириала да му обезбеди некои средства.Šaban Bajramović poor and seriously ill, Slobodna Dalmacija Тој умрел во Ниш на 8 јуни 2008 година, од срцев удар.

Тој бил во брак со Милица со која имал четири деца.

Наводи

Надворешни врски Издавачка Куќа Šaban Bajramović Неофицијална презентација Šaban Bajramović Цд-А Saban Bajramovic: српски познат како кралот на циганските пејачи , The Times, June 23, 2008

Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Луѓе од Ниш Категорија:Ромски музичари Категорија:Југословенски музичари Категорија:Српски музичари Категорија:Југословенски Роми Категорија:Српски Роми