Фабио Алешандре да Силва Коентраo (роден на 11 март 1988, во Вила до Конде) — поранешен португалски фудбалер, играч од одбраната.

Кариерата ја започнал во локалната екипа Рио Аве, но набрзо тој потпишал за Бенфика на возраст од само 19 години. Иако најпрво бил позајмуван во неколку екипи, тој подоцна станал важен член на првиот тим на Орлите, на позицијата лев бек. Во 2011 година, тој се преселил во Реал Мадрид, каде минал најголем дел од својата кариера. По две позајмици во Монако и Спортинг Лисабон, откако му завршил договорот со Реал Мадрид тој се вратил во неговиот прв клуб, Рио Аве, каде и ја завршил кариерата во 2021 година.

Коентрао бил репрезентативец на Португалија осум години и ја претставувал својата земја на две Светски првенства (2010 и 2014) и на Европското првенство 2012.

Технички карактеристики Својата кариера ја започнал како крило, но подоцна бил прераспореден како лев бек, што станала неговата главна позиција во текот на неговата кариера.

Клупска кариера Рио Аве Роден во Вила до Конде, Коентрао израснал во рибарската населба Каксинас, како и неговите долгогодишни соиграчи од репрезентацијата Бруно Алвеш и Елдер Постига. Тој му се приклучил на клубот од неговиот роден град, Рио Аве, во 2004 година на 16-годишна возраст, и одиграл три натпревари во Примеира лига во следната сезона, но клубот испаднал на крајот од сезоната. Во сезоната 2006–2007 тој се наметнал како прв избор, додека Рио Аве за малку не успеал да избори промоција назад во најсилната португалска лига, но постигнале добар пласман во Купот на Португалија, каде биле елиминирани од Спортинг Лисабон во петтото коло со 2–1 во Лисабон; додека играл за Рио Аве, тој го добил прекарот "Фиго од Каксинас".

По таа сезона, во која бил избран за играч кој направил пробив на годината во дивизијата,Simão Sabrosa – O Melhor Jogador da Liga Bwin 2006/2007 (Simão Sabrosa – Bwin League 2006/2007's Best Player); Red Vermelho, 6 Junho 2007 (in Portuguese) многу клубови покажале интерес за Коентрао, вклучително и гигантите Спортинг и Бенфика, при што тој избрал да им се приклучи на вторите во јули 2007 година. Неговиот стил на игра бил спореден со оној на Арјен Робен од World Soccer, во изданието 50 светски таленти од 2007 година.

Бенфика Играјќи само 7 пати за Бенфика во првиот дел од сезоната 2007-2008, на 1 јануари 2008 година, Коентрао му се приклучил Насионал од Мадејра, на позајмица до крајот на сезоната. На 3 мај, тој постигнал два гола во победата со 3-0 на гости кај веќе крунисаниот шампион во лигата, Порто.

Во летото 2008 година, Коентрао преминал во Реал Сарагоса, клуб кој се натпреварувал во шпанската Сегунда Дивисион, по неодамнешното испаѓање од елитната дивизија на земјата. Откако речиси немал никакви настапи за време на сезоната со Сарагоса, тој се вратил во Португалија и во неговиот прв клуб Рио Аве во јануари 2009 година, повторно како позајмен од Бенфика. На 15 февруари, тој постигнал гол со соло акција, во поразот од Порто со 3-1.

Коентрао го продолжил договорот со Бенфика до 2015 година, кон крајот на октомври 2009, со ослободителна клаузула од 30 милиони евра. На 2 декември, откако играл неколку натпревари како лев бек, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, против БАТЕ Борисов од Белорусија во победата со 2-1 на гости во групната фаза на Лига Европа.

На 10 февруари 2010 година, Бенфика продала 20% од економските права на Коентрао за секој иден трансфер на сопственик на третата страна, наречена Фонд на ѕвезди на Бенфика, заедно со другите соиграчи. Тој бил проценет на 15 милиони евра, а фондот платил 3 милиони евра. Во текот на таа сезона, тој ја имал годината на пробив во првиот тим на Бенфика, настапувајќи во вкупно 45 натпревари на кои постигнал 3 гола и помогнал клубот да ги освои првенството и Лига купот.

На 27 септември 2010 година, веќе целосно утврден како стартер во неговиот клуб и во репрезентацијата, 22-годишниот Коентрао ја обновил својата врска со Бенфика до 2016 година. На 2 ноември, тој за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар за Бенфика, во победата со 4-3 на домашен терен над Олимпик Лион во групната фаза на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид На 5 јули 2011 година, по опсежни преговори, Бенфика и Реал Мадрид постигнале договор околу трансферот на Коентрао, кој истиот ден потпишал шестгодишен договор со Реал. Сумата на трансферот изнесувала 30 милиони евра, плус Есекиел Гарај кој заминал во спротивна насока како дел од договорот. Неговите први два официјални натпревари биле против Барселона во Суперкупот на Шпанија: во првиот натпревар, тој влегол како замена за Сами Хедира во второто полувреме од ремито 2–2 на домашен терен и играл како дефанзивен играч за врска, а тој започнал како лев бек во вториот натпревар, во кој кралевите загубиле со 3-2 на Камп Ноу.

Своето деби во шпанското првенство Коентрао го направил на 28 август 2011 година, во натпреварот против неговиот поранешен клуб Сарагоса, кој завршил со победа на неговиот тим од 6-0, играјќи (ги сите 90 минути) како централен играч од средниот ред. Иако главно играл на овие позиции, сепак од страна на тренерот Жозе Мурињо тој бил поставен и како десен бек, за време на натпреварот против Спортинг Хихон на 3 декември,Merengues maintain winning run ; ESPN Soccernet, 3 December 2011 но и против Барселона следната недела.Barca come back to win Clasico ; ESPN Soccernet, 10 December 2011 Во првата сезона во Реал, тој ја освоил лигата со клубот, за која Коентрао придонел со 20 настапи.

Во последните минути од вториот натпревар на Реал во Примера Дивисион 2012–2013, Коентрао добил црвен картон откако го навредувал судијата Перес Ласа додека бил на клупата за резерви, во поразот со 2–1 од Хетафе. Тој потоа добил суспензија од четири натпревари.Coentrao handed four-match ban, misses Supercopa Clasico; Goal, 29 August 2012 Коентрао го постигнал својот прв гол за Реал Мадрид на 16 декември 2012 година, по додавањето на сонародникот Кристијано Роналдо за да им помогне на домаќините да дојдат во пресврт против Еспањол, но сепак на крајот натпреварот завршил нерешено 2–2.

На 2 септември 2013, Манчестер Јунајтед испратил доцна понуда за заем на Коентрао во последниот ден од трансферниот прозорец. Понудата била прифатена од шпанците, но договорот пропаднал кога тие не успеале да обезбедат замена во името на Гилерме Сикеира од Гранада, кој потоа се приклучил на Бенфика на позајмица. Коентрао ја започнал акцијата што довела до победничкиот гол на Гарет Бејл во успехот со 2–1 над Барселона во финалето на Купот на Шпанија. Тој, исто така, ги започнал двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите против бранителот на титулата Бајерн Минхен, во кое Реал Мадрид славел со убедливи вкупни 5-0 на патот кон нивната десетта европска титула во натпреварувањето, позната како La Décima (превод на мак. Десеттата).

Сè уште под раководство на тренерот Карло Анчелоти, Коентрао бил користен многу малку во сезоната 2014–2015 главно поради повреди, запишувајќи само пет натпревари во почетната постава од вкупно девет настапи. На 26 август 2015 година, Коентрао заминал на позајмица во Монако до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби го направил против Газелек Ајачио на 13 септември, заменувајќи го Адама Траоре во победата со 1–0 на гости, и го постигнал својот прв гол за новиот тим 11 дена подоцна за да им помогне на гостите да направат пресврт во успехот со 3-2 над Монпеље.

Во сезоната 2016-2017, Реал освоил нова првенствена титула, во која Коентрао земал учество во само три натпревари. Тој самиот призна дека не е доволно фит за да го претставува клубот; во Лигата на шампионите тој се појавил во два натпревари од групната фаза, додека клубот вторпат последователно го освоил натпреварувањето.

На 5 јули 2017 година, Коентрао бил позајмен на Спортинг до крајот на сезоната 2017-2018, и покрај тоа што изјавил дека во Португалија ќе игра само за Бенфика. Дебитирал за лавовите на 6 август 2017, во натпреварот на гости против Авеш добиен со 0-2, во кој ги одиграл сите 90 минути. Првиот и единствен гол во дресот на Спортинг го постигнал во гостинската победа над Боавишта со 1-3. На 27 јануари 2018, Коентрао го започнал и го одиграл целиот натпревар во финалето на Лига купот на Португалија, во кое Спортинг ја победил Виторија Сетубал по изведување на пенали. Сезоната во Спортинг ја завршил со 44 настапи и еден постигнат гол.

Пред почетокот на сезоната 2018-2019, тој го раскинал договорот со Реал Мадрид завршувајќи го искуството со кралевите со вкупно 106 одиграни натпревари и еден гол.

Враќање во Рио Аве Откако го раскинал договорот со Реал Мадрид, Коентрао потпишал едногодишен договор со Рио Аве на 31 август 2018 година. Откако не му бил продолжен договорот тој го напуштил клубот во јуни 2019, а на 29 јануари 2020 го објавил своето пензионирање од фудбалот. Во октомври, сепак, тој се согласил на нов едногодишен договор со Рио Аве, одејќи во конечна пензија по завршувањето на сезоната 2020-2021.

Репрезентативна кариера

Како младински репрезентативец на Португалија,Unbeaten Portugal progress in style ; at UEFA Коентрао бил избран за МВП на Купот на Мадејра во 2007 година, играјќи за тимот под 20 години,Sub-20 vencem na Madeira (Under-20s win in Madeira) ; Portuguese Football Federation, 2 March 2007 (in Portuguese) каде исто така бил и најдобар стрелец на натпреварувањето. Последователно, тој ја претставувал нацијата на Светското првенство У-20 2007 и, две години подоцна, го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, со која учествувал на на Турнирот во Тулон каде постигнал хет-трик во победата со 6–0 над Катар во групната фаза.

По постојаните настапи во Бенфика, Коентрао го добил својот прв повик во сениорската репрезентација во ноември 2009 година, за одлучувачкиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2010 против Босна и Херцеговина, и го направил своето деби во првиот натпревар одигран на 14 ноември на Стадионот Луж, играјќи 21 минута во победата со 1–0.

Откако Португалија се пласирала на првенството, Коентрао бил избран во тимот од 23 играчи предводен од селекторот Карлош Кеирош, добивајќи предност на позицијата лев бек пред Дуда. Тој ги одиграл сите натпревари во Јужна Африка, вклучително и поразот од Шпанија во осминафиналето, кој ја елиминирал Португалија од турнирот.

На 10 август 2011 година, Коентрао го постигнал својот прв репрезентативен гол, со удар со глава во победата од 5-0 над Луксембург. Тој ги одиграл сите натпревари и минути на Европското првенство 2012, каде португалците биле полуфиналисти.

На Светското првенство 2014, Коентрао претрпел повреда во второто полувреме на првиот натпревар на Португалија против Германија, која го извадила од акција до крајот на турнирот. Тој одиграл клучна улога во победата на домашен терен со 2–1 над Србија во квалификациите за Европското првенство 2016, нафрлувајќи за првиот гол со глава постигнат од Рикардо Карваљо, а потоа го постигнал победничкиот гол на додавање на Жоао Мутињо.

Коентрао го пропуштил Евро 2016, кое Португалија го освоила, поради повреда на бутот, заработена на тренинг со Монако. Тој се вратил во игра по 697 дена без настап за Португалија, играјќи во натпреварот од квалификациите Светското првенство 2018 против Унгарија, но бил изваден од теренот на носилки уште во првото полувреме од подоцнежната победа со 1–0 во Будимпешта.

Коентрао бил избран во прелиминарниот тим од 35 играчи за Светското првенство 2018 во Русија, но не останал таму после кратењето на списокот.

Хронологија на репрезентативните настапи

По завршувањето на кариерата