Озрен – планина на север на Босна и Херцеговина, во појасот на ниските планини. Сместена е меѓу реката Босна на запад и реката Спреча на север. На југ се протега покрај реката Криваја и се спојува со планината Коњух, додека источните падини се спуштаат на Модрачкото Езеро. Географските простор на Озрен е поделен меѓу ентитетите Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.
Делот од планината кој се наоѓа во Република Српска се наоѓа на подрачјето на градот Добој и општината Петрово, а делот во федерацијата на подрачјето на општините Маглај, Завидовиќи, Лукавац и Грачаница (Тузлански Кантон)Грачаница. Највисокиот врв се наоѓа во општината Петрово, во Република Српска.
Име Според легендата босанската кралица Катарина Косача Котроманиќ кога се качила на врвот на Озрен, одушевена од крајоликот, рекла: „Мили Боже, колку убави обазарја“. Така од зборот „обазарје“ која има исто значење како и озарен, се формирало името Озрен.
Врвови Највисокиот врв е Велика Остравица (918 м), општина Петрово. Кралица (883 м), општина Петрово. Мала Остравица (853 м), општина Петрово.
Кралица На врвот на Кралица се наоѓа споменик посветен на погинатите војници на Република Српска кои настрадале на 7 септември 1995 година за време на бомбардирањето на НАТО на Република Српска.
Манастир Озрен Планината Озрен е позната по манастирот на Српската православна црква посветен на Свети Никола, кој се нарекува и манастир Озрен.
Озренски маратон Општината Петрово секоја година го организира Озренскиот планинарски маратон чиј медиумски покровител е Радио телевизија на Република Српска.
Поврзано Манастир Озрен Орлово Езеро Горанско Езеро
Наводи
Надворешни врски
Озрен на отворено
Категорија:Општина Петрово Категорија:Планини во Република Српска Категорија:Планини во Босна и Херцеговина