Староградските песни или македонската староградска музика е своевиден жанр на македонската народна музика, која се појавила во XIX век, под влијаније на изворната, традиционална македонска музика, појавата и интеграцијата на ориенталната чалгија во Македонија и неизбежниот бран на западноевропска музика. Овие песни се настанати во градската средина и обично го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл. Во процесот на нивното создавање, значаен удел имале македонските ора, како што запишал Константин Миладинов - „това училиште к’де се усовршенствувала народната ни поезија“. Во македонското народно творештво, посебно значајно место имаат охридските, велешките, штипските и битолските староградски песни. Во нив често се чувствува и книжевното влијание, влијанието на граѓанската поезија на соседните народи, но и влијанието на ориенталниот фолклор.Блаже Конески, За македонската книжевност, 1967 година, Скопје.Харалампие Поленаковиќ, Српската граѓанска поезија во Македонија во XIX век, Избрани дела 2, 1988 година, Скопје.Ленка Татаровска, Староградската народна песна во Македонија, 2001 година, Скопје.Боривоје Џимревски, Градската инструментална музичка традиција во Македонија (1900-1941), Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 2005 година, Скопје.
Генеза Песната, како најкарактеристичен елемент на музиката, во Македонија претежно е поврзана со фолклорот, односно народната музика. Од раѓањето до смртта, народот со песна ги пропратува сите негови значајни случувања во животот. Раѓањето, детството, младоста, ергенството и моминството, одењето на момчињата во војска и нивното враќање, веридбите, свадбите, војните, славите, па и самата смрт, сето е пропратено со песна. Секоја радосна или тажна случка во животот на единката или на цели народи, има свој одек во песната.извор, Reper
Кај македонскиот народ, народната песна има долговековна традиција и би се рекло, култен статус. Всушност, во долговековното „ропство“ и непризнавање на Македонецот, песната е еден од оние елементи со кои тој се штител себеси, тажел или се радувал, ги опевал историските настани и го штител својот идентитет.
Кога се зборува за граѓанство, од каде што потекнува и терминот - градска или староградска песна, мора да се осврне најпрвин кон појавата на тоа граѓанство во Македонија. Како што е познато, македонскиот народ се наоѓал под окупација, можеби најдолго во рамките на Отоманското царство. Важен услов за појава на тоа граѓанство е тоа што според шеријатското право, луѓето и групите во царството се делеле според припаѓањето на вери и цркви. Тоа одиграло улога на народното групирање, кое на Балканот се случило некаде во средината на XIX век.
Народното групирање и релативната религиска слобода, овозможиле формирање на т.н., црковно-училишни општини. Општините во процесот на македонската преродба биле присутни во духовниот живот на граѓаните, и ја одирале најважната улога за духовно и културно воздигнување на народот. Црковно-училишните општини ги формирале и предводеле највидните граѓани, пред сè, од редот на занаетчиите и трговците. Отоманското царство се простирало на огромна површина. Покрај тоа, занаетчиите и трговците се движеле и надвор од царството, претежно во европските држави. Од една страна, таквите комуникации им овозможувале да се запознаат со културите, модата која била актуелна во Европа и сл., а од друга, во поголемите градови во Македонија постоеле конзулати на повеќето европски држави. Според известувањата на Петер Окули, австриски вицеконзул во Битола, кои ги адресирал или до амбасадата на Австрија во Истанбул, или до конзулатот во Солун, се дознава дека неколку некои трговски фирми од Битола, Охрид и Велес имале претставништва на своите фирми, претежно во Виена. Фирмите биле во сопственост на „браќата Робеви“ кои се занимавале и со банкарство, а нивниот зет Кецкаров, имал кожарско претпријатие во Лајпциг.Македонија през погледа на австријски консули, 1851 – 1877/78 година. Кај таквите граѓански дејци, занаетчии и трговци, кои имале можности да согледаат и други култури, се родила некаква „елитност“ во однос на останатото население, односно селското, кое било во чифлигарски однос на имотите на беговите и спахиите.
Влијанија Чалгии На културен план, односно на музички, во поголемите градови се формираат т.н. музички „тајфи“, кои во почетокот се всушност, чалгиски. Овој вид чалгиско песнопојно и инструментално творештво во Македонија, носи белези на музички ориентализам, мелодијата е украсена со бројни мелизми и карактеристична боја на чалгискиот оркестар:Боривоје Џимревски, Македонски фолклор, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, стр. 130, 1985 година, Скопје.
Чалгискиот оркестар бил составен од инструменти од арапско-персиско потекло, или: виолина, (во народот позната како ќемане), ут, лејта, канун, кларинет (познат и како грнета) и дајре. Во народот е присутно едно општо сознание дека чалгијата во Македонија има повеќевековна традиција, а нејзиното доаѓање и создавање, се поврзува со доаѓањето на Турците на Балканот. Интересно е тоа што овој музички состав скоро и да не се споменува во народните преданија и легенди кои често пати ги регистрираат историските настани, што укажува на тоа дека се работи за прифатен, донесен, наддаден во нашата традиција. Од известувањата на веќе споменатиот австриски вицеконзул во Битола, Петер Окули, дознаваме дека конзулите на Англија, Франција, Русија и Австрија често биле на приеми, кои ги организирале сами или претставниците на Турската власт. На тие приеми покрај властите и претставниците на конзулатите, биле поканувани и присуствувале и видните граѓани од еснафите, трговците и претставниците на црковно-училишните општини. На почетоците на таквите приеми, свирел воениот оркестар на турската армија во Битола, (во Битола била командата на Третиот турски армиски корпус), додека во вториот, неформален дел, настапувале чалгиски оркестри кои свиреле и пееле локални градски песни, за на крајот од приемите, да играат и ориентални танчерки.
Македонското население своите слави и црковни празници ги празнувало дома или во блиските манастири, каде што се играле и пееле локалните градски песни и игри. За таквите карактеристични настани има податоци од истражувањата на етномузикологот, Боривоје Џимревски. Интересен е податокот за создавањето на охридската староградска песна „Фанче ојде во Калишча“. Според истражувањата, песната е испеана некаде околу 1860 година, што укажува на постоењето и популарноста на чалгиските тајфи во Охрид и во поблиската и поширока околина. Во неа се споменува еден од најстарите охридски чалгаџии, Ангеле Караѓуле, кој бил автор на многу староградски песни, кои и денес се пеат во овој крај. Во Охридскиот крај се правеле панаѓури во манастирите св. Наум, св. Петка во село Велгошти, кај Калишта, кај манастирот Сисвети во Лешани. Охриѓани во Калишта оделе со кајчиња уште одвечер, низ езерото. Убавата Фанче била во придружба на Димитрија Пармак, и бидејќи немало место во манастирот, му предложила да одат во меаната на Коста Беле, каде што свирел Караѓуле. Фанче не знаела добро да го игра чамчето, па затоа Беле му се заканува на Караѓуле со следните стихови:Боривоје Џимревски, Македонски фолклор, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, стр. 10, 1985 година, Скопје.
Мандолински оркестри За разлика од бројните чалгиски ансамбли присутни во Македонија, во XIX век во македонската градска средина навлегува мандолината. Мандолината потекнува од Италија и во тоа време е доста популарен инструмент низ цела Европа. Мандолината била донесена во Македонија преку трговските врски што нашите трговци ги одржувале со Италија, па и со европските држави. Во Македонија овој инструмент на почетокот бил прифатен во градските средини, како придружба на градските песни, со што тие сега добиваат поинаков призвук, поафтентичен за пратење на звукот на градските песни. Со прифаќањето на мандолината како инструмент кој звучел поприкладно во пратењето на градските песни, постепено се формирале и мандолински оркестри, кои и денес опстојуваат на овој простор. Со формирањето на мандолинските оркестри кои биле составени од неколку мандолини, мандоли, гитари, бас мандоли (таканаречени „бедри“) или контрабаси, се констатира дека градската песна добила посоодветен звук во својата намена, па така, се среќаваат формации на такви оркестри и во некои училишни општини (Скопје, Битола, Прилеп):
Со овие оркестри и со нивниот специфичен звук, творците добиле инспирација за создавање на народни песни во таканаречен „староградски дух“, со побогата мелодиска, хармонска и ритмична содржина. Според Боривоје Џимревски, многу лирски градски народни песни го добиле својот целосен мелодиски израз, доколку се придружувани од мандолински оркестри.
Тамбурашки оркестри Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, но поизразито помеѓу двете светски војни, во Македонија се формираат тамбурашки оркестри. Тие продираат со српското влијание во Македонија и се пренесени од Славонија и Војводина:
Улогата на црквата Развитокот на народната уметност во Македонија во XIX век, во голема мера се должи и на улогата и значењето на црковно-училишните општини. Македонските општини дале мошне важен придонес во остварувањето на граѓанските и исповеднички интереси на македонскиот народ. Во таа смисла, македонските општини израснале во вистински јавни установи, во чиј домен на решавање биле бројни нормативни, судски, управни, но и имотни, семејни, наследни, старателски, комунални, исповеднички и културни компетенции. На тој начин, општините се зафатиле во речиси сите сфери од животот и интересите на граѓаните, освен во оние кои биле во надлежност на турската власт:Поповски, стр. 50, 1989 година.
Со продорот на граѓанството и неговата се позначајна улога во општеството, општините станале демократски установи, соодветно одговарајќи на тогашните граѓански структури. Во општнските собранија, членувале претставници на еснафите, трговците и „маалмухтерите“, претставници од поодделните маала, кои биле првенци на своите територии. Во училиштата покрај наставата се организирале и разни приредби, по повод крајот на школската година, или по повод на разни празници, локални и државни. На нив биле рецитирани и пеени песни, па дури се прикажувале и некакви сценски приредби. Во побогатите општини на поголемите градови се формираат и пејачки друштва, па и оркестарски состави, кои настапувале по разни поводи, а кои функционирале и во приватните забави и серенади.
Развој Градската песна како жанр се профилирала постепено низ развојот на општествените околности кои ги диктирала историјата на македонскиот народ. По жанрот се разликуваат патриотски, печалбарски, епски, лирски, љубовни, свадбарски, песни кои се пееле на серенади, такви кои се пееле за време на работите в поле или дома, и по повод на разни други пригоди.
За музикалноста на македонскиот народ искажани се многу комплименти. Интересен текст обработил познатиот македонски музиколог Марко Коловски во списанието „Музика“, што го издава Сојузот на композитори на Македонија. Имено, во 1931 година, во Македонија, во време кога таа е изложена на двете најсилни антимакедонски пропаганди, „великобугарската“ и „великосрпската“, направено е истражување за музикалноста, или поточно, за музичката чувствителност на Македонците, споредувајќи ги со две други групи од тогашното Кралство Југославија, шумадинците и црногорците. Можеби целта била друга, како што вели Коловски, но важна е констатацијата на тогашните авторитетни истражувачи:Музика, 1 издание од 2007 година.