Галичички расковник или Охридски расковник (науч. Laserpitium ochridanum)Umbellifers: World Umbellifer Database — локален македонски растителен ендемит кој може да се најде само на планината Галичица. Во националниот парк Галичица овој расковник има висок приоритет на мониторинг.Јавна установа Национален парк Галичица; Нацрт измени на Планот за управување со Националниот парк Галичица за периодот 2011 – 2020. Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС)

Опис Стеблото исправено, мазно. Листови Листовите му се со ракавци, голи, разделени, сегментите просто или двојно пересто насечени. Ливчињата копјести, заострени. Цвет Цветовите му се бели, формираат чадорчиња со (14-)16-25 зраци, во основата со 6-3(-10)листови на инволуирумот, многу пократки од чадорчето . Инволуцелумот од 5-8 ливчиња. Плод Плодовите му се мазни, голи, 9–11 mm долги со крилца широки 1,5mm.Micevski, Годиш.Збор.Биол.Фак., 34:26-27 (1981) Екологија По варовнички камењари субаппскиот појас. Распространување Локален ендемит: Галичица: Стара Галичица (leg.K.Micevski) (MKNH); Галичица: на вировнички каменар, 1770-1900m (leg.K.Micevski) (MKNH); Галичица:Стара Галичица на варовнички камењар, 1900-1920m (leg.K.Micevski) (MKHN); Галичица: Казан, на варовнички камењар. (leg.K.Micevski) (MKHN);

Наводи

Категорија:Расковници Категорија:Галичица Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица