Зеќир Рамчиловиќ (босанскиː Zećir Ramčilović; Долно Коњари, ) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 годинаПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ и потпретседател на Собранието од ноември 2019.

Животопис Рамчиловиќ е роден во скопското село Долно Коњари на 16 март 1975 година. Toj е историчар и истражувач кој покрај ориенталистика, се занимава со периодот помеѓу двете светски војни во Македонија, како и со процесите врзани за Бошњаците во минатото и денес. Автор е на повеќе научни трудови. Вработен е во Институт за национална историја при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На Локални избори во Македонија (2013) бил избран за Советник во Општина Петровец од Група граѓани. Рамчиловиќ e Потпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“. На Парламентарните избори во 2016 година, бил избран за пратеник од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Библиографија Бошњаците во Македонија во текот на XX век, БКЗ, Скопје, 2014 г.; Познати Бошњаци од Македонија, Шадрван, Скопје, 2014 г.; Македонија во Географијата на Ал-Идриси, ИНИ, Диван, Скопје, 2017 г.; Петровец – вчера, денес, утре, Општина Петровец, Диван, Скопје, 2018 г Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик, Диван, Скопје, 2019. Надгробни споменици од османскиот период во атарот на Средно Коњари, Скопско, Диван, Скопје, 2019.

Наводи

Категорија:Луѓе од Долно Коњари Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски Бошњаци Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Живи луѓе