Фокалните напади (исто така наречени парцијални напади и локализирани напади) се напади кои првично афектираат само една полутопка од мозокот. Мозокот се состои од две полутопки, секоја составена од четири лобуси – фронтален, темпорален, париетален и окципитален. Фокалниот напад се генерира и афектира само еден дел од мозокот – цела полутопка или дел од лобус. Симптомите варираат во зависност од тоа каде се јавил нападот. Во фронталниот лобус симптомите може да вклучуваат чувство на „бранови“ во главата; во темпоралниот лобус, чувство на déjà vu; во париеталниот лобус, замаеност или трпки; и во окципиталниот лобус, нарушување во видот или халуцинации. , Epilepsy Society - Are all seizures the same.
Наводи
Категорија:Болести на нервниот систем