Методиј (световно имеː Венко Петров; , Виничко, - ) ― македонски монах и свештеник на Руската православна црква, игумен, жител на Светиот Валаамски манастир, директор на православно културно-образовниот центар „Свет Валаама“.Карелия N 58 (3 июня 2010): Сретение: Крещены, но не просвещеныВалаамский монастырь объяснил поцелуй руки Путина игуменом — Газета. Ru | Новости политики Главен и одговорен уредник на месечниот илустриран весник „Свет Валама“, основач и модератор на годишните православни интернационални конференции. Делото на Методиј стана едно од клучните за заживување на манастирот Валаам по уништувањето на манастирот во деценискиот пустош - од 1940 до 1989 година. Тој иницирал многу добротворни проекти за жителите на Валаам. Лауреат на Република Карелија во 2012 година. Во декември 2014 година му бил доделен Орден за заслуги за татковината II степен. Имал државјанство на Руската Федерација.Сайт администрации СМРВалаам, музей, художники (публикации в прессе).

Животопис Отец Методиј е роден како Венко Петров на 16 февруари 1961 година во виничкото село Блатец, во православно семејство. Дедото на отец Методиј изградил неколку храмови и параклиси во Македонија. Од рано детство, Венко се интересирал за творештвото на руските писатели, уметници, композитори. Во 1985 година, завршил факултет во Скопје, добивајќи назив градежен инженер. Во 1991 година, го избрал монашкиот пат. Најпрвин заминал во Грција, на Света Гора, и таму добил благослов од многу почитуван старец, архимандрит Георгиј (Капсанис). Но, на почетокот на 1990-те години, политичките односи меѓу Грција и тукушто осамостоената Македонија, биле нарушени, и отец Георгиј го благословил да живее на подворјето на Светогорскиот манастир, па Венко решил дека е подобро да ја напушти Грција. Архимандрит Георгиј го сфатил тој чекор и го посоветувал да замине во Русија, каде што Венко никогаш претходно не бил, а не го знаел ни рускиот јазик. Во 1992 година на 21 август, на празникот на свети Сергиј Радонешки, Матодиј пристигнал во Сергиев Посад, лавра, каде што бил поканет од Архимандрит Кирил (Павлов). Во лаврата, Методиј станал почетник и живеел таму шест месеци. Таму бил забележан од економистот на Лаврата Панкрати, па тие станале пријатели. По некое време Метоодиј повторно тргнал да оди за Света Гора. Во Валаамскиот манастир пристигнал на 6 февруари 1993 година.Для нас Валаам является возможностью принести Господу свою любовь, своё служение (интервью)

Наводи

Категорија:Луѓе од Блатец Категорија:Починати во Санкт Петербург Категорија:Македонски монаси Категорија:Руски монаси Категорија:Руска православна црква