Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) — македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог, научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. мини|Славчо Ковилоски во 2016 година.

Животопис и творештво

Со свои дела е застапен во повеќе списанија во Македонија и во странство, како и во повеќе антологиски избори на поезија и проза. Има преведувано дела од хрватски, бугарски и српски јазик на македонски јазик. Делови од неговото творештво, како и романите „Опасен сум“ и „Синот на Кралот“ и збирката „Лоша тетка и други раскази“ се преведени на неколку европски јазици. Објавувал прилози на страниците на дневните весници „Нова Македонија“ и „Време“. Бил главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, култура и уметност „Современост“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ) и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Во 2009 го­ди­на, тој бил уредник на изда­вач­ка­та прог­ра­ма на Аге­н­ци­­јата за иселеништво на Ре­публика Македонија. Во 2017 година бил уредник во издавачката дејност за историски изданија на изда­вач­ката куќа Ма­гор. Бил прет­се­да­тел на уре­ду­­вачкиот одбор на зборникот XXI век: Балканскиот пи­­са­тел (2015) и еден од уредниците на зборникот Ма­кедонско-сло­­вач­ки книжевни, кул­тур­­ни и јазични врски (2016).

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: награда за наука „3 ноември“, „Григор Прличев“ за поема, „Прозни мајстори“ и „Јован Котески“.

Во 2018 година, тој ја добил најголемата државна награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката, за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“.

Активности Активно учествува во промовирање на македонската урбаната култура во Македонија и во странство, со предавања на Фи­ло­зоф­скиот фа­култет во Скоп­је, во MC Gallery во Њујорк, Загреб, Нитра (Словачка), Белград, Софија, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Институтот за македонска книжевност, на ма­ни­фес­та­ци­ја­та „Битола от­ворен град“ во Битола, во Кул­тур­ни­­от центар „Точ­ка“, во Ame­rican Cor­ner во Скопје, во скоп­ските гим­­назии „Јо­­­сип Броз“ и „Ор­це Ни­ко­лов“ и на дру­ги културни ма­ни­фес­та­ции и ус­та­но­­­ви. Од академската 2018/19 година на ИМЛ ги предава предметите: Субкултура, Патопис и Македонски културни икони.

Еден од основачите на организацијата Хип Хоп Македонија. Соавтор е на книгите „Аспекти на македонската урбана култура – Хип Хоп Македонија“, „Хип-хоп книга“ и „Хип-хоп речник“, кои се однесуваат на македонската урбана култура и македонскиот хип-хоп. Како член на музичката група Клан Исток има објавено 3 албуми. Ковилоски е режисер и сценарист на музичкиот хип-хоп документарен филм „Њујорк: Аџилак“ од 2020 година, чија светска премиера беше на фестивалот ДОРФ во Хрватска, а македонската премиера на Синедејс во Скопје.

Творештво Белетристика:

Сонцето повторно ќе изгрее, Студентски збор, Скопје, 2000 (поезија) Поезија во движење, Современост, Скопје, 2005 (поезија) Опасен сум, Темплум, Скопје, 2007 (роман) Крале Марко или Синот на Волкашин (монодрама); На Ножот (монодрама), 2010 Сонување, Макавеј, Скопје, 2011 (роман) Синот на Кралот, Современост, 2011 (роман) Лоша тетка и други раскази, Македонија презент, Скопје, 2013, (раскази) Барутна поезија, Бран, Струга, 2015 (поезија) Крале Марко по вторпат, НУ Центар за култура "Григор Прличев", Охрид, 2018 (поема) Компјутерска поезија, МИ-АН, Скопје, 2020 (поезија)

Научни дела:

Ковилоски е автор на повеќе научни дела од областа на книжевноста, историјата и културологијата, меѓу кои: Македонското женско творештво во XIX век (монографија), Од Прличев до Конески (студии), Отворени страници (критики и есеи), Прилеп и Прилепско во XIX век (културно историски процеси) (монографија), Деспот Баџовиќ, не­поз­на­ти страници за еден Ма­ке­до­нец (монографија), При­леп­чани - XIX век (енциклопедиски име­­ник), Македонија, крат­ка ен­циклопедија рево­лу­цио­не­ри (енциклопедија), Македонија и Балкан­ски­те војни (монографија) и други.

Надворешни врски Институт за македонска книжевност - д-р Славчо Ковилоски Репер - Славчо Ковилоски Блесок - Славчо Ковилоски Peoplepill - Slavcho Koviloski academia - Slavcho Koviloski researchgate - Slavcho Koviloski

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски хип-хоп Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“