Чешма на Баба Ванѓа — чешма која се наоѓа во Ново Село, Струмичко, посветена на Баба Ванѓа.

Според преданијата, овде е местото каде Баба Ванѓа го изгубила видот кога по враќањето од полето, таа со нејзина роднина застанале на чешмата да се напијат вода, по кое ги зафатил силен ветер.

Местоположба

Чешмата се наоѓа на крајот од селото Ново Село, во непосредна близина на магистралниот пат А4.

Историја

Според приказната, Вангелија Пандева на 12 години на ведро време ја подигнал силен ветер и ја носел неколку метри, сѐ до местото каде што денес се наоѓа чешмата. По тој настан, таа започнала и да претскажува.

Во поново време, Општина Ново Село го уредила просторот околу чешмата, градејќи настрешница, патеки и летниковци.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ново Село (Струмичко) Категорија:Баба Ванѓа