Дејан Алексиќ (роден на 1 мај 1972) — српски книжевник. На книжевната сцена се појавил во средина на деведесеттите, со првото објавено дело на 22 годишна возраст. Победил на Фестивал на поезија на млади во Врбас во 1995 година. Се смета за еден од најзначајните книжевни творци на помладата генерација. Неговите песни се сместени во бројни зборници и антологии, а преведуван е на англиски, германски, норвешки, бугарски, грчки, македонски, унгарски, словачки, словенечки и руски јазик.

Живее во Краљево и работи како уредник за поезија во книжевното списание Повеља.

Библиографија и награди Книги со песни: Потполн говор (Потпуни говор) (1995), ,, Бранкова награда“ Докажување на сенката (Доказивање сенке) (1996) Секојдневен час (Свагдашњи час) (2000), ,, Просветина награда“, Награда „ Матиќев шал“ Собна митологија (2003) Потоа (После) (2005), Награда „ Бранко Миљковиќ“ Доволно Довољно (2008), Награда на САНУ „ Бранко Ћопиќ“ Единствено ветер(Једино ветар) (2011), Награда „ Меша Селимовиќ“ Да се биде (Бити) (2013), Змајева награда на Матица српска, награда ,,Ристо Ратковиќ"

Поезија и книжевен стил

Поезијата на Дејан Алексиќ најчесто се одликува како неосимболистичка, иако оваа класификација е премногу груба за специфичниот израз на неговите дела. Самиот автор како извор на својата поезија ги наведува поетите со симболистичка ориентации како што се Јован Дучиќ, Милан Ракиќ, Иван Лалиќ и Бранко Миљковиќ, иако тематскиот и стилскиот опсег на неговите дела ги надминува рамките на симболизмот и несимболизмот. Многу често користи класични форми и облици со посебен интерес за прашањето на односот помеѓу формата и содржината, што особено се гледа во потребата да пишува во врзан стих, иако тоа не е чест случај со авторите на помладата генерација.

Наводи

Надворешни врски Песме Дејана Алексића Kad se razboleo Petak Добио сам награде три Бранка - интервју („Политика“, 22 февруари 2012) Тачно је да сам волео бубњеве („Политика“, 13 август 2013) СКД/Дејан Алексић Богат је онај коме мало треба („Политика“, 18 февруари 2015)

Категорија:Српски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски писатели за деца Категорија:Добитници на Бранкова награда Категорија:Добитници на Награда Бранко Миљковиќ Категорија:Добитници на Змаева награда Категорија:Членови на Српско книжевно друштво