Окупацијата на Грција од страна на Силите на Оската (грчки: Κατοχή) започнала во април 1941 година кога Нацистичка Германија ја нападнала Грција за да и помогне на Фашистичка Италија, која била во војна со Грција од октомври 1940 година. По освојувањето на Крит, цела Грција била окупирана до јуни 1941 година. Окупацијата на копното траело додека Германија и нејзиниот сојузник Бугарија не биле принудени да се повлечат под сојузничките притисоци на почетокот на октомври 1944 година. Сепак, германските гарнизони останале на Крит и некои други егејски острови, сè до крајот на Втората светска војна во Европа, кога се случило предавање на овие острови во мај и јуни 1945 година.

Фашистичка Италија првично објавила војна и ја нападнала Грција во октомври 1940 година, но грчката армија првично успеала да ги врати до границата со Албанија, а потоа и ги протерала во италијанскиот протекторат. Нацистичка Германија интервенирала за да го спаси својот сојузник во Јужна Европа. Додека поголемиот дел од грчката армија била дислоцирана на албанскиот фронт за да се одбрани од италијанските контра-напади, во април 1941 година започнала германската блицкриг кампања, а до јуни (со освојувањето на Крит) Грција била поразена и окупирана. Како резултат на тоа, грчката влада заминала во егзил, а во земјата била формирана колективна влада. Понатаму, територијата на Грција била поделена на окупациски зони од страна на Оската, при што Германците продолжиле да оперираат со најважните региони на самата земја, вклучувајќи ги Атина, Солун и најстратегиските Егејски Острови. Другите региони во земјата биле дадени на германските партнери, Италија и Бугарија.

Окупацијата ја уништила грчката економија и предизвикало страшни тешкотии за грчкото цивилно населениеMartin Seckendorf; Günter Keber; u.a.; Bundesarchiv (Hrsg.): Die Okkupationspolitik des deutschen Faschismus in Jugoslawien, Griechenland, Albanien, Italien und Ungarn (1941-1945) Hüthig, Berlin 1992; Decker/ Müller, Heidelberg 2000. Reihe: Europa unterm Hakenkreuz Band 6, . Голем дел од Грција бил подложен на масовно уништување на својата индустрија (80%), инфраструктура (28%), пристаништа, патишта, железници и мостови (90%), шуми и други природни ресурси (25%)http://www.newsbeast.gr/greece/arthro/796214/oi-megales-katastrofes-kai-to-germaniko-hreos-stin-ellada-mesa-apo-dokoumeda и цивили (7,02% - 11,17% )Gregory, Frumkin. Population Changes in Europe Since 1939, Geneva 1951. pp. 89-91. Повеќе од 40.000 цивили загинале само во Атина од глад, десетици илјади други загинале поради одмазда од страна на нацистите и нивните соработнициMazower (2001), p. 155.

Еврејското население во Грција било речиси уништено. Од неговата популација од 72.000, само 12.000 (16.66%) преживеало, или со приклучување на отпорот или преку сокривање. Повеќето од загинатите биле депортирани во Аушвиц, додека оние во Тракија, под бугарска окупација, биле испратени во Треблинка. Италијанците не ги депортирале Евреите што живееле на територијата што ја контролирале, но кога Германците ги презеле и нивните региони, депортирањето на Евреи продолжило.

Во исто време било формирано и Движење на отпорот, едно од најефикасните движења на отпорот во Окупирана Европа. Овие групи на отпорот започнале герилски напади врз окупаторските сили и формирале големи шпионски мрежи. До крајот на 1943 година групите на отпорот започнале да се борат меѓу себе. Кога ослободувањето на копното дошло во октомври 1944 година, Грција била во состојба на екстремна политичка поларизација, што наскоро довело до започнување на Граѓанска војна. Последователната граѓанска војна им дала можност на многумина истакнати нацистички соработници не само да избегнат казна (поради нивниот антикомунизам), туку да станат владејачка класа на поствоена Грција, по поразот на комуниститеGiannis Katris, The Birth of Neofascism in Greece, 1971Andreas Papandreou, Democracy at Gunpoint (Η Δημοκρατία στο απόσπασμα).

Грчката влада во 2014 година тврдела дека Грчкиот отпор убил 21.087 војници на Оската (17.536 Германци, 2.739 Италијанци, 1.532 Бугари) и заробила 6.463 (2.102 Германци, 2.109 Италијанци, 2.252 Бугари), а биле убиени и 20.650 грчки партизани и непознат број заробени. Овие бројки според некои, веројатно се претерани.

Освојување на Грција

Во раните утрински часови на 28 октомври 1940 година, италијанскиот амбасадор Емануел Граци го разбудил грчкиот премиер Јоанис Метаксас и му дал ултиматум. Метаксас го отфрлил ултиматумот и италијанските сили ја нападнале грчката територија од Албанија, окупирана од Италија, пред помалку од три часа подоцна. (Годишнината од одбивањето на Грција денес е државен празник во Грција.) Италијанскиот премиер Бенито Мусолини ја започнал инвазијата делумно за да докаже дека Италијанците би можеле да одговараат на воените успеси на германската армија и делумно поради тоа што Мусолини ја сметал југоисточна Европа во италијанската сфера на влијание.

Грчката армија се покажала како сериозен противник и успешно го искористила планинскиот терен на Епир. Герчките сили направиле контра-напад и ги принудиле Италијанците да се повлечат. До средината на декември, Грците окупирале речиси една четвртина од Албанија, пред да дохдат италијанските засилувања и суровата зима. Во март 1941 година, големиот италијански противнапад не успеал. Првичниот грчки пораз на италијанската инвазија се смета за прва победа на Сојузничките земји на Втората светска војна, иако поради германската интервенција, таа на крајот резултирала со победа за Оската. 15 од 21 грчки оддел биле распоредени против Италијанците, така што само шест дивизии се соочиле со нападот од германските трупи во т.н. линија Метаксас (во близина на границата помеѓу Грција и Југославија/Бугарија) во текот на првите денови од април. Грција добила помош од британските трупи, префрлени од Либија по наредба на Винстон Черчил.

На 6 април 1941 година, Германија дошла на помош на Италија и ја нападнала Грција преку Бугарија и Југославија. Грчките и британските сили повторно не биле поразрни. На 20 април, откако грчкиот отпор на северот престанал, бугарската војска влегла во грчката Тракија, без ниту еден испукан куршум, со цел повторно да го врати излезот на Егејско Море во Западна Тракија и Источна Македонија. Бугарите ја окупирале територијата помеѓу реката Струма и линијата на демаркација што поминува низ Александропол и Свиленград западно од реката Марица. Грчката престолнина Атина паднала на 27 април, а до 1 јуни, по заземањето на Крит, цела Грција била ставена под окупација. По инвазијата, кралот Ѓорѓи побегнал, прво на Крит, а потоа и во Каиро. Номинално, грчката десничарска влада владеела од Атина, но таа била марионета на окупаторитеBamberry, Chris, The Second World War: A Marxist History, 2014, Pluto Press (pg. 182).

Тројна окупација

Окупацијата на Грција била поделена меѓу Германија, Италија и Бугарија. Германските сили ги окупирале најстратегиските и најважните области, како Атина, Солун со Централна Македонија и неколку Егејски Острови, вклучувајќи го и најголемиот дел од Крит. Првично, германската зона била управувана од амбасадорот Гинтер Алтенбург од германското Министерство за надворешни работи. Од 1942 година германската окупациона зона била управувана од Херман Нојбахер и Александер ЛерMazower, Mark Inside Hitler's Greece: The Experience of Occupation, 1941-44, New Haven: Yale University Press, 2001 page 222.. И Лер и Нојбахер биле Австријци, што ја одразувало генералната тенденција на Берлин да ги испрати Австријците на Балканот, бидејќи се верувало дека Австријците подобро го разбираат регионот отколку Германците. Во септември-октомври 1943 година, Јирген Строп, новоименуваниот висок полициски водач на СС, се обидел да ги оспори двајцата но многу бргу потоа бил отпуштен од своето работното место. Волтер Шимана го заменил Строп како полициски водач во Грција и успеал да воспостави подобар работен однос Нојбахер и ЛерMazower, Mark Inside Hitler's Greece: The Experience of Occupation, 1941-44, New Haven: Yale University Press, 2001 page 223..

Источна Македонија и Тракија се нашле под бугарска окупација и биле припоени кон Царство Бугарија, која долго време ги барала овие територии. Останатите две третини од Грција биле окупирани од Италија, при што Јонските Острови директно биле управувани како италијански територии. Грофот Пелегрино Гиги ги претставувал италијанските интереси со грчката влада, додека генерал Карло Гелосо командувал со 11-тата армија што ја окупирала ГрцијаMazower, Mark Inside Hitler's Greece: The Experience of Occupation, 1941-44, New Haven: Yale University Press, 2001 pages 22 & 145.. Односите меѓу Германците и Италијанците не биле добри. Германската политика била силно насочена кон обесхрабрување на односите меѓу германските војници и грчките жени, бидејќи германските водачи стравувале дека преку тоа германскиот народ ќе се раздели на чистите ариевски Германци и расни Грци, кои се сметале за деградирани Аријци и извалкани поради долг период на Отоманска властMazower, Mark Inside Hitler's Greece: The Experience of Occupation, 1941-44, New Haven: Yale University Press, 2001 page 146.. Спротивно на тоа, Италијанците немале такви размислувања. Германските офицери често се жалеле дека Италијанците биле повеќе заинтересирани да прават љубов со грчките жени отколку да прават војна и дека Италијанците ја немале потребната цврстина за да ја спроведат кампањата, бидејќи многу италијански војници имале грчки девојки. По италијанската капитулација во септември 1943 година, италијанската зона била преземена од Германците, кои често ги напаѓале италијанските гарнизони. Имало неуспешен обид од страна на Британците да ја искористат предноста по преавањето на Италија, кое довело до Операција Додеканези. Германската окупациона зона Економска експлоатација и Големиот глад

left|Universal Newsreel за дистрибуција на храна на грчкиот народ во 1944 thumb|десно| Германската економска експлоатација довела до неконтролирана инфлација: банкнота од 200.000.000 драхми, издадена во септември 1944 година

Грција во голема мера пострадала за време на окупацијатаFamine and Death in Occupied Greece 1941-1944, Cambridge University Press. Економијата на земјата веќе била уништена од 6-месечната војна, и на тоа била додадена немилосрдната економска експлоатација од страна на нацистите"Secret Not for Publication: Famine and Death Ride into Greece at the Heels of the Nazi Conquest", Life, 3 August 1942, pp. 28-29.. Суровините и храната биле реквизирани, а колаборациската влада била принудена да ги плати трошоците, што довело до инфлација. Бидејќи одливите на суровини и производи од Грција кон Германија не биле компензирани од Германија, компанија DEGRIGES грчката влада била принудена да се согласи да го третира билансот како заем без камата што требало да се врати откако војната ќе заврши. На крајот од војната, овој присилен заем изнесувал 476 милиони марки.

Реквизициите на окупационите овластувања и целосниот грабежот, падот на земјоделското производство од воено нарушување, распаѓањето на дистрибутивните мрежи на земјата поради комбинирана штета на инфраструктурата, пропаѓањето на централната власт и фрагментација на земјата од рацете на Оската, заедно со лепењето од страна на земјоделците, довеле до сериозен недостиг на храна во главните урбани центри во текот на зимата 1941-1942 година. Со оглед на тоа дека дури и во времето пред војната Грција зависела од увозот на пченица за покривање на околу една третина од нејзините годишни потреби, сојузничката блокада на Европа со доминација на Германија дополнително ја влошила ситуацијата, предизвикувајќи Голем глад (Μεγάλος Λιμός): само во поголемата област во Атина-Пиреја, околу 40.000 луѓе починале од глад, а до крајот на окупацијата „се проценува дека вкупното население на Грција [...] е 300.000 помалку отколку што требало поради глад„Voglis (2006), pp. 22–24, 30ff..