Макс Либерман (германски: Max Liebermann; 20 јули 1847 - 8 февруари 1935) бил германски сликар и графичар од еврејска националност, познат како водечки заговорник на импресионизмот во Германија во своето време.
Животопис Роден е во семејство на еврејски стопанственик; студиите по уметност во младоста на кратко му ги прекинало учеството во Француско-пруската војна. По смртта на неговите родители наследството го искористил за да купување на француски импресионистички слики и врз основа на нив го развил својот стил. Од 1899 до 1911 година бил на чело на авангардното уметничко друштво "Берлинска сецесија". Во 1920 година, тој станал претседател на Пруската академија на уметностите; Поднел оставка од таа позиција во 1933 година во знак на протест, кога нацистичките власти ги забраниле изложбите на еврејски автори.
Галерија
Надворешни врски Галерија на слики на Либерман на zeno.org
Категорија:Родени во 1847 година Категорија:Починати во 1935 година Категорија:Германски сликари Категорија:Сликари импресионисти Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Починати во Берлин Категорија:Германски Евреи Категорија:Членови на Кралската шведска академија на ликовните уметности