Даглас Хејг бил британски офицер и фелдмаршал. Во Првата светска војна од 1915 година бил командант на британските сили во Франција на Западен фронт.Harris, J. P. (2008). Douglas Haig and the First World War. London: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-89802-7
Животопис Хејг е роден на 19 јуни 1861 година во Единбург, образованието го стекнал на Оксфорд на колеџ во Сандхурст. Бил командант на воени сили во Индија, поради истакнување и воената умешност бил назначен за командант на БЕФ – Британска експедиција во Франција и Белгија во време кога започнала Првата светска војна. Подоцна бил унапреден во чин генерал и добил командна позиција во БЕФ под водство на генерал Френч. По големите порази во 1915 година кај Лос ен Гошел довеле до сомнеж во водство на генералот Френч па Хејг бил поставен за главниот командант на БЕФ. Неговото командување било изложено на големи критики од страна на премиерот Дејвид Лојд Џорџ.Keegan, John (1999). The First World War. London: Pimlico. ISBN 978-0712666459 Во 1919 година се здобил со новосоздадената грофовска титула. Починал на 28 јануари 1928 година.
Наводи
Категорија:Британци од Првата светска војна Категорија:Родени во 1861 година Категорија:Починати во 1928 година Категорија:Британски политичари Категорија:Носители на британскиот Орден за заслуги Категорија:Витези на Големиот крст на Редот на Бањата Категорија:Луѓе од Единбург Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет