Лесното е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Мала Река.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 121-126
Ова е бавно оро кое се игра со постепено забрзување на крајот. Се одликува со складни и умерени движења. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Мажите се држат за рамо, а жените за раце. Ритамот е двочетвртински. Постојат четири варијанти од ова оро.
Надворешни врски Изведба на лесното за време на Мавровскиот собир од страна на зурлаџиско-тапанџиската група Мајовци (снимено на 17 јуни 1967 г. од Роберт Хенри Лејбман) Лесното оро во изведба на Душко Јовановиќ
Наводи
Категорија:Македонски ора