Кара Тепе — врв на планината Плачковица со висина од 1.625 м. Врвот се издига во источниот дел од планината, каде што се и врвовите Лисец (1.754 м), Чупино Брдо (1.725 м) и Бел Камен (1.707 м).М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012. Просторот над кој се издига врвот е со високо обрасната шума.

Искачување Најлесен правец за искачување на врвот е оној од селото Блатец, кој продолжува на југ по течението на реката Блатешница до Момин Преслап (1.514 м). Потоа, патот скршнува на југоисток и по неколку километри води до поднежјето на врвот, каде што е потребн да се направи промена на правецот низ шумест предел кон врвот.

Поврзано Лисец (Плачковица) Чупино Брдо (Плачковица) Бел Камен (Плачковица) Туртел

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Плачковица Категорија:Врвови во Македонија