мини|Граничен камен Граница — линија која во географијата претставува линија помеѓу две политички сушности, како што се држави, области, територии, општини. Границите се поставуваат преку согласност меѓу политичките сушности што ги контролираат односните региони, а создавањето на ваквата согласност се нарекува гранична делимитација.
Некои граници, како меѓуопштинските и границите меѓу регионите во рамките на една држава, се најчесто отворени, и сосема неконтролирани. Други граници се делумно или сосема контролирани, и може да се преминат на граничен премин. Границите може да имаат тампон-зона.
Видови граници thumb|Целта на Кинескиот Ѕид била да ги запре луѓето и војските од преминување на северната граница на Кина Според општите одлики, границите може да се: „природни“ (река, езеро, планина, итн.) „политички“ (утврден со договор - најкарактеристичен во Сахара Африка) „етнички“ (помеѓу два или повеќе народи) „верски“ (помеѓу неколку верски групи)
На државно ниво границите се поделени на: „државни“ (помеѓу земји) „републички“ (помеѓу република) „провинциски“ (помеѓу автономни покраини и други субобјекти) „регионални“ (помеѓу повеќе региони) „опкружувачки“ (помеѓу области) „општински“ (помеѓу општините}))
Во минатото многу граници не биле со јасно определени линии, што денес не е случај. Со цел проверка на границата, како гранични премини се сметаат аеродромите и пристаништата. Повеќето земји имаат своја гранична контрола заради регулирање или забрана на движењето на луѓето, животните и добрата во и надвор од земјата. Според меѓунароните закони, на секоја земја ѝ е дозволено да донесе свои закони и прописи кои треба да се почитуваат за да се помине границата.
На некои гранични премини потребни се документи како пасош и виза, или друг вид на документ, на пример лична карта, за да можат луѓето да ја преминат границата. За пренос на добра преку границата често е потребно да се плати акциза, а за животните што ги пренесуваат луѓето, може да биде побарано да се стават во карантин поради заштита од ширење на заразни болести. Во повеќето земји, забрането е да се внесе нелегална дрога или загрозени животни. Пренесување на добра, животни или луѓе на нелегален начин преку граница се смета за криумчарење. Ако границата се преминува со возило, се проверува осигурувањето и други формалности поврзани со возилото.
На места каде криумчарењето и миграцијата се проблем, се поставуваат огради на границата. Границите меѓу земјите што припаѓаат на Шенген-зоната како и селските делови од канадско-американската граница, речиси да не се обележани.
Поврзано Регион Област Политичка географија Тромеѓа
Наводи
Категорија:Географија Категорија:Политичка географија