мини|десно|250п|Ханти обуени во киси Киси (руски: Кисы) — вид на традиционални зимски обувки кои ги носат номадските племиња во Сибир. Најмногу се поврзуваат со угро-финскиот народ Ханти. Кисите се и машки и женски обувки, но се разликуваат по големината и шарите.Руски збор: „Јурта на точкови моржево жезло“; Вадим Кантор, Московске новости.

Овие чевли се зашиени од многу силни ленти кои се направени од кожа од нозе на елен. Овие ленти се отпорни на кинење. Ѓонот на кисите се потопува во маст за да не пропушта вода кога газат по снег. Машките и женските „киси“ се разликуваат по големината и шарите. Под колена кисите се врзуваат со лентите за да не влегува снег во обувките..

Традиционално изработен пар на киси се прави од четирите нозе на елен. Кожата од нозете на еленот од која се изработуваат кисите, Хантите ја викаат камуси (руски: камусы). Долниот дел на чевлите се изработува од кожа која се наоѓа помеѓу големото и малото копито на еленот и наликува на четка. Ваквата изработка на ѓоновите овозможува чевлите да не се лизгаат по снегот.. Традиционално изработените киси се шијат со жилите на еленот наместо со конец. Чевлите после изработката се чадат, за да не ги јадат молци.

Рачната изработка на еден пар киси трае до една година. Должината на изработката зависи од сложеноста на шарите со кои се украсуваат кисите.

Под кисите се облекуваат чорапи од крзно.

Денес помодерно изработените киси се продаваат како сувенири или оригинални чевлиИсечок за традиционалните чевли киси во модното списание Беин — „Традиционная обувь. Пимы“. Во сибирските градови во Ханти-мансискиот автономен округ се носи попроста верзија на овие чевли, од вештачко крзно, со ѓонови и необработени.

Наводи

Надворешни врски (српски) Руска реч: „Јурта на точкови и „моржево“ жезло“; Вадим Кантор, Московске новости (руски) за традиционалните чевли киси во модното списание Bein — „Традиционная обувь. Пимы“

Категорија:Обувки Категорија:Ханти