мини|Илустрација на круг Во Евклидовата геометрија, круг е множество од сите точки во рамнината кои се наоѓаат на еднакво растојание, наречено полупречник, од дадена точка, наречена центар. Кружницата е проста затворена крива, која ја дели рамнината на внатрешен и надворешен дел. Внатрешноста заедно со самата кружница се нарекува круг.

Во x-y координатен систем, кружница со центар во (a, b) и полупречник r е множеството од сите точки (x, y) такви што .

Ако кружницата има центар во координатниот почеток (0, 0), тогаш оваа формула добива упростен облик .

Кружницата со центар во координатниот почеток и со полупречник 1 се нарекува единична кружница.

Периметарот на кругот се пресметува според фурмулата:Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 136-137. L = d x π, каде: d е дијаметарот на кругот, а бројот π има приближна вредност од 3,41. Слично на тоа, периметарот може да се пресмета и како: L = 2r x π, каде r е радиусот на кругот. Плоштината на кругот со радиус r се пресметува со следнава формула: P = π x r2

Кругот како тема во уметноста и во популарната култура Кругот како мотив во книжевноста „Кружни урнатини“ — расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 31-35. „Високи кругови“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 87. „Круг“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 69-70. „Суровостите на кругот“ — збирка поезија на Мак Диздар од 1960 година.Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138. „Кругови на водата“ — песна на рускиот поет Леонид Мартинов од 1962 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 210. „Круг“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 161. „Елементот на кругот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 109. „Златен круг на времето“ — поетска збирка на македонскиот поет Ацо Шопов од 1969 година.„Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.

Кругот како мотив во музиката „Кругот не е тркалезен“ (англиски: The circle is not round) — песна на македонската група Анастасија.Anastasia, Before the Rain, Polygram Music. „Широчината на кругот“ (англиски: The Width Of A Circle) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1970 година.Discogs, David Bowie ‎– The Man Who Sold The World (пристапено на 16.4.2020) „Пет кругови“ (англиски: Five Circles) — композиција на композиторот и инструменталистот Вангелис од 1981 година.Vangelis, Chariots of Fire, Polydor, 800 020-2, 1981. „Кругови“ (англиски: Circles) — песна на американската хард-кор група Даг нести (Dag Nasty) од 1986 година.Discogs, Dag Nasty – Can I Say (пристапено на 13.9.2022) „Круг“ — песна на југословенската рок-група Екатарина Велика.Ekv - Krug - YouTube (пристапено на 10.9.2016) „Анти-круг“ (англиски: The Anti-Circle) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.The Roots – Organix (пристапено на 31.1.2024)

Наводи

Категорија:Евклидова геометрија Категорија:Геометриски фигури