Ненад Трајковиќ (1 јуни 1982, Пирот, Србија) - српски поет, есеист, литературен критичар и преведувач.

Животопис

Ненад Трајковиќ е роден 1982 година во свештеничко семејство во Пирот. Средно училиште заврши во Прешево. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Крагуевац. Има објавено четири стихозбирки: Траги 2008, Те водам во Музеј 2011, Ветер од јазикот 2016 и Потенка линиа на бесконачност 2019. година. Преведуван на англиски, руски, германски, француски, полски, словачки, шпански, македонски, унгарски, хинди, турски и бугарски. Објавуван во бројни литературни списанија и антологии. Ја освоил меѓународната книжевна награда на издателска куќа "Мелник" за најдобра песна Хлеб за просјак, на XIV Поетски средби во Мелник, Бугарија во 2013. година, наградата Раде Томиќ во 2015. година и Европски фб фестивал 2018. Еден е од основачите и уредниците на меѓународната книжевна манифестација Писанија во Врање, каде што и живее.

Творештво Стихозбирки

Траги - 2008, Врање ISBN 978-86-87391-00-0 Те водам во Музеј - 2011, Врањски книги, Врање. ISBN 978-86-84287-70-2 Ветер од јазикот - 2016, Исток, Књажевац (Награда Раде Томић) ISBN 978-86-89981-03-2 Потенката линија на бескрајот - 2019, Банатски културни центар (Награда 9. европски фб фестивал)

Преведени стихозбирки

Потенката линија на бескрајот, Ненад Трајковиќ, на македонски превел Звонко Танески

Стихозбирки преведени од Трајковиќ

Херој на заборавената класа, Звонко Танески 2017, Исток, Књажевац ISBN 978-86-89981-05-6 Тајни писма, Славица Гаџова Свидерска, 2018, Исток, Књажевац Пат кон благоста, Јовица Тасевски Етернијан, 2018, Исток, Књажевац

Антологии

Од А до Ш / Von A bis Z, Антологиа 9 векови на српска поезиа, двојазично српско-германско издание Gracias a la vida, Чиле Помеѓу двата света, Ниш, 2012. Арте стих, Белград, 2013. Гарави сокак, Инѓија, 2014. Лубави, те викам со копнеж, Мркоњиќ Град, 2014. Лепениечко Ѓурѓедарје, Крагуевац, 2015.

Литературни списанија

Наводи

Категорија:Луѓе од Пирот Категорија:Српски поети Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во 1982 година