Награда „Бели мугри“ — книжевна награда за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Наградата се врачува на 20 декември на манифестацијата „Денови“, која оваа установа ја организира традиционално во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Добитници

Досегашни добитници на наградата „Бели мугри“ се некои од позначајните македонски поети од помладата генерација:

2009 - Маја Апостолоска („Именувањето“) 2010 - Жарко Кујунџиски („Мојата Сузан повторно девојка“) 2011 - Елена Пренџова („Пораки од морето“) 2012 - Звонко Танески („Нежност без гарантен лист“) 2013 - Снежана Стојчевска („Под нулата“) 2014 - Марта Маркоска („Црни дупки во нас“) 2015 - Марина Мијаковска („Постела на тишината“) 2016 - Стефан Марковски („Сиво сјаат вселените“) 2017 - Надица Лешникоска („Кирија за срце“) 2018 - Катерина Гогова („Пад во немирна вода“) 2019 - Јосип Коцев („Музеј на чувствата“)Јосип Коцев е добитник на наградата „Бели мугри“ за 2019 година 2020 - Милена Ристова-Михајловска („Запирка“) 2021 - Славица Урумова-Марковска („Алфа и Омега“) 2022 - Рената Пенчова („Точки во бескрајот“) 2023 - Верица Мукоска („Ѕвонливи тишини“)

Наводи

Категорија:Книжевни награди Категорија:Македонски награди