Нигјар Худадат кизи Рафибејли () (1913-1981, Баку) — азербејџански писател и претседател на Унијата на писатели на Азербејџан. Таа била мајка на Анар Рзајев, писастел на романи и кратки раскази и сопруга на познатиот писател и поет Расул Рза.
Ран живот Нигјар Рафибејли беше родена на 23 јуни 1913 година во градот Ганџа. Нејзините родители биле медицински хирурзи. Нејзиниот татко, Худадат Рафибејли беше првиот азербејџански хирург кој студирал во Европа. Во 1919 година, тој стана гувернер на провинцијата Ганџа во периодот на предсоветската независност на Демократска Република Азербејџан (1918-1920), но тој наскоро беше уапсен на иницијатива на ерменските болшевици и испратен на островот Нарген, каде што тој беше убиен од страна на болшевичките војници во 1920 година. Нигјар Рафибејли завршила училиште во Ганџа и се пресели во Баку за нејзиниот високо образование. Студирала на Педагошкото техничко училиште. Таа предава во училиштето, но секогаш се пишувала романи. Нејзината прва песна, наречена "Чадра" (превез на азербејџански), беше објавена во списанието "Дан Ulduzu" во 1928 година. Во перодот од 1930-1932 таа работеше во студиото Azerbaijanfilm. десно|мини|300x300пкс|Плакета на зградата каде Расул Рза и Нигјар Рафибејли живееле во Баку.
Подоцнежни години По нејзиното враќање од Москва во 1931 година, таа работеше во издавачката куќа Азернешр како уредник и преведувач во одделот за фикција. Рафибејли потоа ги продолжи своите студии во Москвскиот педагошки универзитет. Додека студирала во Москва, нејзината прва колекција на песни беше објавена во Баку. Во периодот од 1937-1939, таа работеше во издавачката куќа Ушакнешр. Почнувајќи од 1940 година до крајот на нејзиниот живот, таа преведе на азербејџански многу дела на познати поети и писатели на народите на СССР, како што се Алишер Навои, Шилер, Пушкин, Лермонтов, Шевченко и други.
За нејзините креативни заслуги и голем придонес на азербејџанската литература, таа беше наградена со Орденот на знакот на честа. Многу од делата на Нигјар Рафибејли беа посветени на романтизмот, мајчинството, природата и татковината.
Нигјар Рафибејли почина на 9 јули 1981 година. Една од улиците во Баку е именувана во нејзина чест.
Наводи
Надворешни врски Monument to Nigar Rafibeyli in one of Baku parks One of Nigar Rafibeyli's poems in English
Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1981 година Категорија:Азерски поетеси Категорија:Азерски писатели Категорија:Писатели на белетристика Категорија:Романописци Категорија:Писателки Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“