мини|280x280пкс|Борка Павиќевиќ Борка Павиќевиќ (, https://www.womeninpeace.org/p-names/2017/7/11/borka-pavicevic — , )http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/125/drustvo/3574292/preminula-borka-pavicevic.html — црногорска и српска драмска писателка, театарска режисерка, новинарка и активистка.

Животопис Борка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Дипломирала во 1971 година, а во 1976 година, на истиот факултет ги завршила и магистерските студии.

Основоположник е на театарот „Нови сензибилности“, во старата белградска пивара, во 1981 год; поддржувач е на либерализмот и пацифизмот.

Од 1984 до 1991 година учествувала во уметничкото движење "КПГТ". Во почетокот на 1990-тите години, била уметнички директор на Белградскиот драмски театар, кое место го напуштила поради политички недоразбирања.

Павиќевиќ била драматург во Атеље 212, БИТЕФ, а од 1994 година го водела Центарот за културна деконтаминација, Павиљон Вељковиќ, и била ко-основоположник на невладината организација Белградски круг.

Павиќевиќ се занимавала и со публицистика. Пишувала колумни во повеќе весници: Сусрет, НИН, Књижевне новине, а сега пишува за весникот Данас.

Центарот за културна деконтаминација, кој таа го основала, има организирано повеќе од 5000 настани, изложби, протести и предавања. Била потпишувач на декларацијата Движење за граѓански отпор, во 2012 г., и е соавтор на книгата „Белград мој Белград“.

Се појавила и во два документарни филма „The Weight of Chains 2“ и „Лауш“.

Награди и признанија Павиќевиќ има освоено бројни награди:

Наградата Ото Рене Кастиљо за политички театар, Њујорк (2000) Наградата Хирошима фондација за мир и култура (2004) Наградата Освајување на слободата  на Фондацијата Маја Маршиќевиќ Тесиќ, за дела кои ги потврдуваат принципите на човековите права, владеење на правото, демократија и толеранција (2005) Награда Роутес, Амстердам (2009/2010) Национален орден Легија на честа од Владата на Република Франција (2001)

Наводи

Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски новинари Категорија:Српски Црногорци Категорија:Српски драмски режисери Категорија:Југословенски драматурзи Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски Црногорци Категорија:Црногорски драматурзи Категорија:Црногорски новинари Категорија:Црногорски режисери Категорија:Носители на Легијата на честа Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет