мини|300п|Топографска карта на Сан Кристобал. thumbnail|Предел кај ’ртот Пит. мини|Галапагоски морски лав (Zalophus californianus wollebaeki) мини|Пуерто Бакерисо Морено мини|Поглед на островот. мини|Карпестата образба „Заспан Лав“. Сан Кристобал () или Четем () — најисточен остров од архипелагот Галапагос во Тихиот Океан. Управно е сместен во покраината Галапагос во рамките на Еквадор. На југозападниот брег е сместено гратчето Пуерто Бакерисо Морено, кое претставува седиште на покраината.
На шпански, наречен е во чест на Свети Христофор, заштитник на морепловците. Англиското име „Четем“ го добил по британскиот државник Вилијам Пит Постариот, Ерл од Четем (1708-1778).
Историја Островот е составен од три до четири споени изгнаснати вулкани. На него се наоѓа најстарото населено место во архипелагот и првиот остров посетен од Чарлс Дарвин. Единствен извор на пивка вода е кратерското езерце Ел Хунко. Во 1880 г. на островот е изградена казнена колонија за осуденици од Еквадор. Подоцна државата тука направила воена база и извозен центар за месните производи како што се шеќерот, кафето, касавата, говедата, рибите и лиметите.
Географија Сан Кристобал зафаќа површина од и во највисоката точка достигнува 730 м. Населението брои околу шест илјади жители. Сан Кристобал има најплодно земјиште во архипалгот и е втор по населеност по Санта Крус. Најголемо населено место е Пуерто Бакерисо Морено со 6.672 жители (2010).
Сообраќајни врски Островот е сообраќајно поврзан преку аеродромот „Сан Кристобал“ со секојдневни летови од Кито и Гвајакил.
Екологија Сан Кристобал е дом на животни како фрегатата (Fregata), галапагоскиот морски лавови (Zalophus wollebaeki), галапагоската желка (Chelonoidis nigra), синоногата и црвеноногата блуна (Sula nebouxii и Sula sula), фетони (Phaethontidae), морската игуана (Amblyrhynchus cristatus), делфини (Delphinidae) и галапагоскиот галеб (Creagrus furcatus). Растителниот свет е застапен со домородни видови како галапагоската каландринија (Calandrinia galapagosa), Дарвинов лекокарп (Lecocarpus darwinii), дрва како дрвото на животот (Lignum vitae) и матасарната. Околните води имаат ајкули, ражи (Batoidea) и јастози (Nephropidae).
Стопанство Највеќето жители на островот живеат во Пуерто Бакерисо Морено и вработени во месната управа, туризмот, или се занимаваат со поединечен риболов. Меѓу посетителските знаменитости во околината на населбата се издвојуваат гнездилната колонија на фрегати Серо Тихеретас и статуата на Чарлс Дарвин, поставена на местото кајшто тој првпат стапнал на Галапагос во текот на второто патување со бродот „Бигл“ на 16 септември 1835 г.Keynes, R. D. ed. 2001, Charles Darwin's Beagle Diary, p. 351. Недалеку од гратчето е и колонијата на морски лавови „Ла Лоберија“.
Околу островот има места за нуркање до кои се доаѓа со туристички чамци. На ова подрачје се наоѓа карпестата образба „Заспан Лав“ (León Dormido), која е лавина купа расцепена на два дела. Од интерес е и островчето Исла Лобос, каде се гнездат синоноги блуни.
Наводи
Извори Historical Ecology in the Galapagos Islands: I. A Holocene Pollen Record from El Junco Lake, Isla San Cristoba, by Paul A. Colinvaux, Eileen K. Schofield. The Journal of Ecology, Vol. 64, No. 3 (Nov., 1976), pp. 989–1012, .
Надворешни врски
За Галапагос: Сан Кристобал — Galapagos Conservancy Сан Кристобал — Британика
Категорија:Галапагос Категорија:Кратерски езера