За други значења видете на појаснителната страница

Водоча или Струмичко Езеро — вештачко езеро меѓу селата Белотино и Попчево, Струмичко, во сливот на реките Водочница и Тркајана. Оваа вештачка акумулација е изградена во 1966 година. Зафаќа површина од 1,9 км2 и достигнува длабочина од 42 метри. Близината на Струмица, на само 8 км од ова езеро овозможува тоа да се искористи за рекреативни активности од местен карактер, но и како дополнителен туристички мотив во рамките на пошироката туристичка понуда.

Наводи

Надворешни врски Риболовна основа за акумулацијата Водоча за период 2009 - 2014 година - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, 2008

Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:Географија на Струмица Категорија:Белотино Категорија:Попчево