Ричард Антонио Карапас Монтенегро (; р. ) — еквадорски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Во јуни 2019 година, Карапас ја освоил Џиро д’Италија 2019, станувајќи прв еквадорски возач кој победил на трката. Има прекар „Локомотива“ (La Locomotora).
Кариера
мини|лево|Карапас ја носи розовата маичка на Џиро д’Италија 2019
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017, каде завршил на 36. место во генералниот пласман.
Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018. Ја освоил осмата етапа на трката, станувајќи прв еквадорски велосипедист кој освоил етапа на некоја голема трка.
Карапас возел на Џиро д’Италија 2019. Ја освоил четвртата етапа по доцен напад. Повеќе падови се случиле на неколку километри пред целта, поради што неколку возачи паднале. Меѓу зафатените возачи бил фаворитот Том Димулен (), кој на крајот ја завршил етапата четири минути зад многу други фаворити. На етапата 13, Карапас нападнал и бил пуштен од другите двајца фаворити за победа, Винченцо Нибали и Примож Роглич. По етапата, доцнел две минути зад Роглич. На етапата 14, Карапас уште еднаш нападнал и остатокот од фаворитите уште еднаш го пуштиле, правејќи скоро две минути разлика со нив за одлучувачка етапна победа. Карапас успешно го одбранил своето водство остатокот од трката за победа на Џиро д’Италија. Карапас станал прв еквадорски возач кој освоил голема трка и втор јужноамерикански возач кој го освоил Џиро, по Колумбиецот Наиро Кинтана во 2014 година.
На 2 септември 2019 година било објавено дека Карапас ќе се приклучи на за сезоната 2020 со тригодишен договор.
Достигнувања
2010 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 2013 1. 15п Панамериканско друмско првенство под 23 години 2. Краен пласман Вуелта ал Еквадор 2014 2. Краен пласман Вуелта ал Еквадор 2015 1. 20п Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 4 Класико РСН 2016 1. 20п Краен пласман Вуелта а Навара 1. Етапа 2 2017 2. Краен пласман Рут ди Сид 1. 20п Пласман за млад возач 2. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 4. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 6. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 2018 1. 20п Краен пласман Вуелта а Астурија 1. Етапа 2 3. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали 4. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 8 5. Сиркуито де Гечо 2019 1. 20п Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 4 1. Етапа 14 1. 20п Краен пласман Вуелта а Астурија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 3. Краен пласман Вуелта а Бургос 6. Краен пласман Вуелта а а Сан Хуан 9. Краен пласман Трка Колумбија 2020 1. Етапа 3 Трка околу Полска 6. Краен пласман Вуелта а Бургос
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2017 2018 2019 20п Џиро —41 20п Тур — — — 20п Вуелта 36 18 —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Еквадорски велосипедисти Категорија:Еквадорски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Победници на Џиро д’Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020