Серија А 2017-2018 била 116-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 86 сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 19 август 2017, а завршила на 20 мај 2018 година.

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2016-2017. Спал, Верона и Беневенто биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

На 13 мај 2018, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после ремито 0-0 на гостувањето во Рим кај Рома. Најголем конкурент на Јувентус за титулата во оваа сезона бил Наполи кој завршил на второто место со 4 бода помалку од шампионот. Екипите на Рома и Интер ги освоиле третото и четвртото место и заедно со Јувентус и Наполи играле во групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.

Петтопласираниот Лацио, шестопласираниот Милан и седмопласираната Аталанта избориле учество во Лигата на Европа 2018-2019.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Кротоне, Хелас Верона и Беневенто.

Најдобри стрелеци за сезоната биле Чиро Имобиле од Лацио и Мауро Икарди од Интер со 29 постигнати гола.

Општо Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А биле СПАЛ, Верона и Беневенто. СПАЛ се вратил во Серија А за првпат по 49 години откако последно таму играле во сезоната 1967-1968, Верона се вратила по само една сезона пауза откако испаднале во сезоната 2015-2016, додека Беневенто кој им се приклучил преку плејофот бил дебитант во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал.

Од гледна точка на правилата се истакнува воведувањето на VAR технологијата (откако била тестирана во текот на претходната сезона) и укинувањето на дополнителните помошници судии зад головите.

Конечно, почнувајќи од оваа сезона, како резултат на промената на правилата на натпреварувањето, италијанското првенство ќе дава 4 екипи кој директно ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите. Последен пат кога 4 италијански екипи биле во групите на Лигата на шампионите (во тој случај, 3 биле директно квалификувани плус 1 преку плеј-оф квалификациската рунда) било изданието 2009-2010, издание кое подоцна го освоил Интер (моментално последен успех на еден италијански клуб во најсилното европско натпреварување). Исто така од оваа сезона шесто или седмо пласираниот тим (седмиот, само ако победникот на Купот на Италија веќе ќе се квалификувал за некое европско натпреварување преку првенството) ќе играат во Лига Европа од втората преелиминарна рунда а не од третата, како што беше случај во тековната сезона.

Калчомеркато Летна сесија

Во пресрет на новата сезона во првенството, најактивни екипи на пазарот биле на Алегри и на Монтела: бјанконерите изненадувачки го загубиле Бонучи кој заминал во соперничкиот табор на росонерите, кои, од своја страна, се поздравиле со Де Шиљо кој му се приклучил на Јувентус. Редовите на шесткратните италијански шампиони во последните шест години, исто така, ги засилиле Бернардески, и Даглас Коста доведени соодветно од и . Исто така, голем број трансфери на пазарот направил Милан, мотивирани од враќањето во Европа и новиот кинески сопственик подготвен да инвестира, во дополнение на гореспоменатиот Бонучи во клубот меѓу другите стигнале и Кесие, Чалханоглу, Биља, Андре Силва и Калиниќ.

Останатите екипи кои исто така имале за цел да се квалификуваат во најсилното европско натпреварување имале различни стратегии на пазарот, на Сари избрал да го зачува составот од претходната сезона додека и започнале нови проекти со нови тренери на својте клупи: доскорашниот тренер на џалоросите Лучано Спалети пристигнал на клупата на нероаѕурите додека клубот од главниот град го назначил Еузебио Ди Франческо, кој дошол во клубот по неколку добри сезони како тренер на . Двете екипи се обиделе да го засилат тимот што им бил достапен на новите тренери, па затоа во Интер пристигнале Шкриниар од Сампдорија и поранешните фудбалери на Фјорентина Борха Валеро и Весино, додека во Рома пристигнале Коларов, Гоналон и Шик, и покрај тоа што некои важни играчи претходно си заминале како што се Ридигер, Паредес и Салах. Наместо нив, Лацио на Симоне Инѕаги морал да се справи со значителни продажби, како што биле оние на гореспоменатиот Биља и Кеита, кои ги замениле со Лукас Леива и Нани.

Зимска сесија Зимската сесија на трансфер пазарот не евидентирала големи операции: Јувентус не довел никој па единствената нивна операција била излезна, преќајќи го Пјаца на заем во ; истото важи и за Наполи, кој им ги позајмил Максимовиќ и Џакерини, соодветно на и , но не успеале да реализираат купување на друг напаѓач што било желба на нивниот тренер. Меѓу најактивните екипи во зимската сесија бил Интер, кој се засилил со пристигнувањето на Лисандро Лопес од и Рафиња од , додека во исто време ги продале Нагатомо на и Жоао Марио на ; спртоивно на нив, Милан не извршил никаков вид на значителна операција на пазарот, ниту влезна ниту излезна. Рома го загубила Емерсон кој заминал во (го замениле со Џонатан Силва), но пред сè успеале да издржат на притисокот на истиот лондонски тим за да го задржат напаѓачот Џеко, додека единствениот трансфер на Лацио бил Касерес кој дошол од Верона. Меѓу останатите екипи, вреди да се истакне Сасуоло, кој се засилил со доаѓањето на напаѓачот Бабакар од Фјорентина, во замена за Фалчинели, кој и се приклучил на виола.

Настани Прв дел од сезоната (Андата) thumb|upright|Марек Хамшик, капитенот на второ пласираната екипа во ова првенство со рекорден број на бодови; во оваа сезона Словакот го надминал Марадона и станал најдобар стрелец на небесно сините на сите времиња. Првиот месец од сезоната август не донел некој поголеми изненадувања, бидејќи екипите од "големата тројка" (Интер, Милан и Јувентус) веднаш го окупирале врвот на табелата со максимален број на бодови откако победиле во првите два натпревари, исто како и Сампдорија и Наполи, но невообичаена ситуација имало на дното на табелата каде покрај новакот Беневенто се нашле и екипи од кој се очекуваше многу повеќе како Фјорентина, Аталанта, Удинезе и Каљари (сите без бодови по две кола). Веќе септемвриската слика е многу попрецизна. Поразите од Лацио, Сампдорија и Рома го оддалечиле Милан од врвот, a тој останал окупиран од Наполи и Јувентус, додека Интер бил веднаш зад нив.

Во седмото коло од сезоната, искористувајќи го првиот кикс на актуелните италијански шампиони (нерешено 2-2 против Аталанта), наполитанците го преземале водството во првенството, останувајќи осамени на врвот со два бода предност. Во месеците октомври и ноември Наполи сè уште без пораз водел на табелата; а во потрага по нив биле Интер, Јувентус, Лацио и Рома, додека Милан на Винченцо Монтела (поразен во сите директни натпревари со првите пет) сè повеќе заостанувал зад наведените екипи. На другиот крај на табелата, на самото дно, ситуацијата на новопромовираниот Беневенто била многу тешка, поставувајќи негативен рекорд од 14 последователни порази од почетокот на сезоната.

Во текот на месец декември се регистрирани две промени на врвот на табелата; Наполи е за првпат поразен во ова првенство со 1-0 на домашен натпревар од Јувентус (со голот на некогашниот играч на Наполи, Игуаин), и во истото тоа коло е престигнат од Интер, кој пак е престигнат од Наполи и Јувентус две недели подоцна откако тие го регистрирале својот прв сезонски пораз со 1-3 на домашен терен од Удинезе. На дното на табелата, во меѓувреме, Беневенто го пронашол својата прв историски бод во Серија А во ремито 2-2 против Милан (кој сега бил воден од страна на Џенаро Гатузо, по отпуштањето на Монтела). По завршувањето на последното коло од првиот дел на првенството, Наполи и понатаму бил водач на табелата со бод предност во однос на Јувентус, додека Интер се чини дека го загубил тлото кога е во прашање Битката за врвот.

Втор дел од сезоната (Риторно) thumb|upright|left|Давиде Астори, капитенот на , починал во пресрет на 27-мото коло од сезоната. На почетокот од вториот круг била потврдена сликата од крајот на годината: во битка за скудетото се издвоиле Наполи и Јувентус, при што партенопеите водат на пласман и ги принудуваат бјанконерите да ги следат, додека за преостанатите места кој водат во Лигата на шампионите за следната сезона во борба биле Интер, Рома и Лацио. На дното, покрај Беневенто кој сè повеќе и повеќе се оддалечувал од сигурната зона која носи опстанок и сè повеќе изгледал закован на дното на табелата (иако во меѓувреме успеале да дојдат до првите долгоочекувани победи во лигата против Кјево и Сампдорија), регистрирана е како и обично голема борба, меѓу 7 тима кој во разлика од само 6 бода. Месецот февруари не понудил големи пресврти; освен што може да се евидентира малото одлепување на Наполи од Јувентус, кој го искористил одложувањето на натпреварот Јувентус-Аталанта да дојде до предност од +4, и враќањето на Милан, кој под водството на Гатузо се чини дека повторно ја пронашол играта и резултатите, скратувајќи го јазот до екипите кој се борат за место во Лигаата на шампионите(како и до Сампдорија, која била меѓу откровенијата на сезоната). Сасуоло и Кротоне во овој дел од сезоната се соочуваат со потешкотии, кои ги тераат загрижувачки да гледаат код пад во зоната за испаѓање (окупирана во тој момент од новаците СПАЛ, Верона и Беневенто).

27-мото коло од сезоната е нарушено со изненадната смрт на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, неколку часа пред натпреварот против Удинезе: Лигата ги одложи сите седум натпревари кој биле закажани за тој ден, вклучувајќи го и дербито на Милано, кое исто така било закажано за тој ден (другите три натпревари биле одиграни во сабота, ден пред смртта на Астори).

thumb|upright|Мауро Икарди бил најдобар стрелец во оваа сезона со 29 гола (колку и Имобиле), и најзаслужниот играч на Интер за враќањето на нероаѕурите во Лигата на шмапионите после 7 години. Во следниот коло забележано е престигнувањето на врвот на табелата: Наполи одиграл нерешено со Интер и, исто така, поради поразот дома од Рома една недела претходно, му го препуштаат првото место на актуелниот шампион Јувентус. Три дена подоцна, бјанконерите победиле во одложениот натпревар против Аталанта и стигнале до +4. Оваа дистанца помеѓу првите два тима на табелата останала актина сè до нивниот меѓусебен натпревар во 34-тото коло, и покрај некои обиди на Јувентус за зголемување на предноста: во Торино сепак победуваат небесно сините (со 1-0 со голот на Кулибали во 90-тата минута), и ја скратил предноста на противникот на -1. По истото ова коло, Беневенто била првата екипа што и математички испаднала во Серија Б. Сепак, веќе во следното коло, Јувентус се вратил на +4, победувајќи го Интер на Сан Сиро во Дербито д'Италија и искористувајќи го катастрофалниот пораз на Наполи на гостувањето кај Фјорентина ден подоцна. Името на втората екипа која испаднала било познато по 36-тото коло, кога Верона загубила со 4-1 од Милан и му се приклучила на Беневенто како уште една екипа која се вратила во Серија Б после само една сезона во највисоката италијанска лига.

thumb|upright|left|По тивкиот почеток, во вториот дел од сезоната бразилецот Даглас Коста се појавил како главен протагонист на Јувентус во освојувањето на историското 7-мо последователно скудето.