Пошип е бела сорта на грозје, одгледувана во јужниот дел на островот Корчула. Островот може да се пофали со традиција на одгледување на бело грозје од времето на Старите Грци (4 век пред новата ера).

Пошип е првото хрватско бело вино со заштитена географска одредница, заштитено уште од 1967 година. Најдобро се одгледува на заштитените терени на Чара и Смоквица, а грозјето од овие места е секогаш со врвен квалитет. Густо засадените лозја, наведнатите и терасести терени ги принудуваат лозарите да најголем дел од работата околу лозјето ја прават рачно и на традиционален начин.

Виното е со сјајна, сламено жолта боја, тешко и густо, а во чашата остава густа трага. Содржи висок процент на алкохол (13-14,5 %), и има полн и богат вкус, со карактеристична арома на суви кајсии и смокви. Поради умерената содржина на киселини, совршено оди со голем број на јадења, како риба, школки и бело месо. Најдобро е кога се сервира на температура од 12-14 °C.

Име Постојат две приказни за тоа како Пошип го добил своето име: според првата, името го добил според името на издолжена шилеста бобинка, која личи на шип (што е локално име за шилестиот врв на лопата). Другата приказна вели дека селанецот Марин Томашиќ од Смоквица пронашол "чудна" лоза со развиени гранки, како расте на калинка (локалниот назив е шипак) или како што би се рекло во Смоквица расте "по шипак". Со време, последните две букви се изгубиле при изговарањето и се добил зборот пошип. Постојат уште две култивирани сорти со ова име: Пошип мали и Пошип вргорски бел, но тие се различни сорти.

Наводи

Надворешни врски

Мала визба - Пошип; хрватски вина и произведувачи (хрватски)

Категорија:Хрватска кујна Категорија:Хрватски вина Категорија:Вина