мини|333x333пкс|Катедралата на Свети Станислав во Могиљов Католичката црква во Белорусија — дел од светската Римокатоличката црква, под духовно водство на папата во Рим. Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година. Католицизмот беше традиционално доминантна религија меѓу белоруското благородништво (шљахта) и меѓу голем дел од популацијата на Западна Белорусија.

Опис Од 2016 година, 1,632,605 католици живеат во земјата и претставуваат околу 17% од вкупното население. Повеќето од нив припаѓаат на епархии според римскиот обред. Мало малцинство припаѓаат на епархии според византискиот обред, формирајќи ја посебната Белоруска грчка католичка црква, која е во сојуз со Светиот престол и го следи византискиот словенски ритуал.

Полските и литванските малцинства во Белорусија се главно католици според римскиот обред, но повеќе од 1 милион католици според римскиот обред се етнички Белоруси (над 15% од вкупниот број етнички Белоруси). гркокатолиците се претежно етнички Белоруси и мал број на Украинци. мини|333x333пкс|Црквата Света Барбара во Витебск

Хиерархија Една митрополитна архиепископија:

Минск-Могиљов - 610,490 католици

Три суфрагански епархии:

Гродно - 591,000 верници Пинск - 50,115 верници Витебск - 151,000 верници

Митрополитниот архиепископ Тадеуш Кондрусјевич е водач на Католичката црква според римскиот обред во Белорусија.

Историја Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година.

Католицизмот беше традиционално доминантна религија на белоруското благородништвото (шљахта) и на голем дел од популацијата на Западна Белорусија.

Во минатото постоеше и една архиепископија во Полоцк. Свети Јосафат Кунцевич беше архиепископ од 1618 до 1623 година како наследник на друг архиепископ.

Поврзано

Белоруска грчка католичка црква

Наводи

Надворешни врски

Римокатоличка црква во Белорусија - официјално мрежно место и централнел белоруски католички портал Апостолска нунцијатура во Белорусија Partał Maładych Katalikoŭ - Млади Католици на Белорусија

Категорија:Католицизмот по земја Категорија:Католицизмот во Белорусија Категорија:Католицизмот во Европа