Пристигање на воз на станицата во ла Сиота (фр. L'Arrivée d'un train en Gare de la Ciotat) е еден од првите филмови на браќата Лимиер. Снимен е во 1895, и за првпат прикажан на јавноста во Париз, Франција на 6 јануари, 1896.
Овој нем филм со времетрање од 50 секунди го овековечува пристигањето на воз на железничката станица на францускиот крајбрежен град Ла Сиота. Како речиси сите други Лимиерови филмови, „Пристигање на воз на станицата во ла Сиота“ се состои од еден и единствен немонтиран кадар кој илустрира еден аспект од секојдневниот живот.
Шокот од новото Една урбана легенда вели дека кога филмот бил прикажан за првпат, публиката била толку обземена од подвижната слика на воз во вистинска големина кој доаѓал право накај нив, што почнала да вреска и да бега на крајот од салата. По тој повод, Хелмут Карасек во „Шпигел“ напишал дека филмот „остави особено траен впечаток; да, предизвика страв, ужас, па дури и паника.“ Сепак, во еден свој есеј, филмскиот стручњак и историчар Мартин Лојпердингер ја оспорил оваа анегдота. Во секој случај, овој филм ја вџашил публиката која не била навикната да гледа вчудовидувачки реалистични илузии. Знаејќи го ова, браќата Лимиер намерно ја поставиле камерата на платформата близу возот. Значаен аспект од филмот е употребата на гро план за воведување на публиката во окружувањето, проследен од среден план и крупен кадар. Возот доаѓа од далечината и вози кон гледачот, за на крај да го засече долниот раб на екранот.
Сведоштво Во Les Lumière, Бернар Шардер го цитира францускиот научник Анри де Парвил кој присуствувал на претставата на 28 декември 1895:
Наводи
Поврзано Излегување на работниците од фабриката Лимиер (1895) 1895 во филмот
Надворешни врски Целиот филм
Категорија:Филмови од 1896 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Историја на филмот Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови од 1895 година