Средно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се  наоѓа  веднаш  под  езерото  Бачилски  Камен, на  височина  од  1.680  метри.. 

Одлики Површината на езерото се менува во текот на годината, така што во пролетниот период таа изнесува околу 950 м2, а во сушниот период  624 м2. Најголемата длабочина е проценета на околу 1.5 метри. За време  на  висок  водостој  на  езерската  вода,  тоа  ја  губи  водата  преку  природна  отока  во  крајниот северо-североисточен правец и подземно истекување низ моренските седименти.

Галерија

Наводи

Категорија:Корапски езера Категорија:Кораб