Спасе Мазенковски (Леска, , Албанија, - Леска, ) — албански и македонски писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборци за правата на Македонците во Албанија.
Животопис Мазенковски е роден на 2 септември 1953 година во селото Леска, Мала Преспа во Албанија. Гимназија и средно економско училиште завршил во Горица и Либражд. Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој е главен уредник. Постојано објавувал песни, раскази, различни текствови, а е автор и на збирката песни „Преспо моја, разнобојна китка“. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот „Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година.
Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репотажи „Преспа моја”, „Разбојна китка”, „Торбулетот на татко ми”, „Преспанска убавица”, „Лабид и Преспана”, „Рѓосани бисери”, „Историја на македонскиот народ во Албанија”Промовирана книгата “Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски. На албански јазик ја има објавено книгата „Историја на македонскиот народ”. Бил член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели „Новиот Свет” во Албанија. Починал во родното село на 30 мај 2018 година.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Албански писатели Категорија:Албански новинари Категорија:Албански публицисти Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Членови на ДПМ