Маја Санду (родена на 24 мај 1972) — молдавски економист кој служел како министер за образование и наука на Молдавија од 2012 до 2015 година.
Во 2016 година, Маја Санду беше кандидат за претседател на Молдавија. Таа се залагала за евроинтеграција и била еден од двајца кандидати во втората фаза на изборите.https://www.theguardian.com/world/2016/oct/31/moldova-to-hold-runoff-election-for-president
Животопис Маја Санду е родена на 24 мај 1972 година во селото Риаипени, во регионот Фалешти, во Советска Молдавија, во семејството на Григориј и Емилија Санду. Таа зборува англиски, романски, руски и шпански јазик.
Од 1989 до 1994 година, Санду студирала менаџмент на Академијата за економски студии на Молдавија (ASEM). Потоа, од 1995 до 1998 година, таа студирала меѓународни односи на Академијата на Јавната Администрација (AAP) во Кишинев. Во 2010 година, таа дипломирала од Факултетот за менаџмент Џон Ф. Кенеди при универзитетот Харвард.
Кариера мини|Санду при средба со Овидиу Рјеци во јануари 2016 година Од 2010 до 2012 година, Санду работела како советник на извршниот директор на Светската банка во Вашингтон. Од 2012 до 2015 година, таа била министер за образование на Молдавија. На 23 јули 2015 таа беше предложена од страна на Либералната демократска партија како кандидат за премиер на Молдавија, наследувајќи ги Наталија Герман и Кирил Габуричи. Еден ден откако беше предложена од страна на обновената проевропска коалиција, Санду ги постави оставките на шефот на Народната банка на Молдавија, Дорин Драгурану и на државниот обвинител Корнелиу Гурин како услови за нејзино прифаќање на предлогот. Но тоа не се слуќи и Валериу Стрелет беше номиниран наместо Sandu од страна на претседателот на Молдавија.
На 23 декември 2015 година таа ја започна платформата "În /pas/ cu Maia Sandu" ("Биди во чекор со Маја Санду"), која подоцна стана политичка партија наречена "Partidul Acțiune și Solidaritate" ("Партија на акција и солидарност").
Во 2016 година, Маја Санду беше кандидат за претседател на Молдавија. Таа се залагала за евроинтеграција и била еден од двајца кандидати во втората фаза од изборите.
Наводи
Надворешни врски
În /pas/ cu Maia Sandu
Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за образование и наука Категорија:Молдавски политичари Категорија:Економисти