Азиски чинар или ориентален платан (науч: Platanus orientalis) — вид дрво кое е распространето во југоисточните подрачја на Балканскиот Полуостров, Мала Азија, Средна Азија, сè до Хималаите. Овој вид чинари е распространет и низ Македонија.
Опис
Листопадно дрво, високо до 30 m. Кората на стеблото се лупи во облик на поглеми или помали плочи кои опаѓаат со што се добива шарен изглед. Многу често, во понискиот дел од стеблото, кората напукнува во вид на подлабоки неправилни мали плочки.
Младите гранчиња во почетокот се влакнести, а покасно голи. Листовите се длабоко насечени на 5-7 дела, средниот дел е многу подолг отколку широк а деловите на листот повторно се плитко насечени. Пупките се конусни и долги до 9 мм, покриени со една покривна лушпа при што се целосно опфатени со основата на лисната дршка, поради што се гледаат по опаѓањето на лисјето. Во основата листот е клиновиден или рамен, лисната нерватура е длановидна и обично гола.
Цветовите се еднополни и групирани во еднополни топчести соцветија. Перијантот е двоен, 4-делен, со 4 чашкини и 4 венечни ливчиња. Машките цветови се со 4(8) прашника. Женските цветови се со 4 слободни надцветни карпели.
Плодот е оревче кое на врвот носи еден покус или подолг тенок продолжеток настанат од столпчестиот жиг, а во основата оревчето е обвиено со долги влакна.
Лисната плојка е широка до 20 см., длабоко всечена на 5-7 дела и со клиновидна основа. Лисната дршка е долга до 7 см. По својата форма не се разликува лисјето од кусорастите и долгорастите. Цутењето се одвива едновремено со пролистувањето, кое се случува во текот на април. Цутовите се собрани во топчести соцутија, наредени машки и женски околу оски, со тоа што оските со машки и женски цутови е одвоени. По цутењето, машките соцутија се сушат и опагаат, а женските се развиваат во топчести соплодија и созреваат во есен, истата година. Нивниот број по секоја оска се држи 2-8, а средно 3-4. Тие се распагаат на почетокот на пролетта, следната година.
мини|Плодови и листови од чинар
Платанот е светлољубив, топлољубив и хигрофилен вид. Оптимални услови за својот развој наоѓа по крајречните наноси, без оглед на нивниот состав и структура.
Платанот продуцира тврдо дрво кое е слично на буковото и може да најде најразлична примена.
Распространетост
Автохтоната распространетост е од Италија источно преку Балканот, Турција и Кавказ до Иран. Бидејќи е познато дека се одгледува уште од раните времиња во поголемиот дел од овој регион, може да биде тешко да се утврди дали е навистина автохтон во периферните области.
Распространетост во Македонија Азискиот чинар е распространето во Македонија, најчесто покрај влажни места, по речни крајбрежја, како и по корита на суводолици во потоплите делови на Републиката, до 400, па и до 600 м. Се одгледува по паркови и дрвореди, а особено е чест покрај чешми и бунари.
Се среќава покрај Вардар јужно од Таорска Клисура и долните токови на неговите најјужни притоки, и тоа: клисурите на реките Тополка и Бабуна, Демиркаписка Клисура, покрај реките Бошава, Јаворница и Петрова Река, околината на Валандово и Гевгелија, како и во Дојранската и Струмичката Котлина.
Одгледување
Дрвото може да се одгледува во повеќето умерени географски широчини, иако има голема корист од топлите лета. Како многу големо и широко дрво со широки, дебели лисја кои имаат тенденција да се ориентираат хоризонтално, особено е ценето поради сенката и свежината што ја обезбедува за време на жешката сезона.
Најдобро расте во богата почва на сончево место и може добро да преживее суша, иако младите растенија го ценат редовното наводнување.
Други употреби
Листовите и кората се користеле за медицински цели. Од гранчињата и корењата се правела боја за ткаенина. Дрвото, често наречено чипкано дрво, е фигурирано и вредно за внатрешен мебел. Листовите често ги користат и уметниците за резбање лисја.
Познати чинари Охридски чинар — во чаршијата на Охрид; според едно предание, засаден од Климент Охридски
Чинарот како тема во уметноста „Пресаден чинар“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 55-56.
Наводи
Надворешни врски
Plants for a Future Platanus orientalis Platanus orientalis – information, genetic conservation units and related resources. European Forest Genetic Resources Programme (EUFORGEN)
Категорија:Чинари Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Турцизми Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Азербејџан Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Ерменија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Јордан Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Израел Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Ирак Категорија:Флора на Индија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Кипар Категорија:Флора на Пакистан Категорија:Флора на Таџикистан Категорија:Флора на Узбекистан Категорија:Флора на Сирија Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Авганистан Категорија:Украсни дрва