Варминско-мазурско Војводство () — војводство во Североисточна Полска. Главен и најголем град е Олштин. Војводството зафаќа површина од и има 1.443.967 жители (2014).
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од целото тогашно Олштинско војводство, западната половина на Сувалското и дел од Елблоншкото Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по двете историски области во него — Вармија и Мазурија.
Војводството се граничи со Подлаското Војводство на исток, Мазовското на југ, Кујавско-поморското на југозапад, Поморското на запад, Висланскиот Залив на северозапад и Калининградската Oбласт (ексклава на Русија) на север.
Кон почетокот на новиот век, подрачјето било дел од Полско-литванската Државна Заедица. Со првата поделба на Полска во 1772 г. овие области влегле во новосоздадената пруска покраина Источна Прусија како нејзин јужен дел. По Втората светска војна подрачјето е поделено помеѓу Полска и СССР, а сето староседелско германско население е насилно протерано во Германија. И покрај прогоните, денес сепак постои малобројно германско малцинство.
Особено значење во војводството има Мазурското Поезерје, со преку 2.000 езера, меѓу кои и двете најголеми во земјата — Шњардви и Мамри. Меѓу препознатливите знаменитости се вбројуваат замоците како Лиѕбарчкиот, Пјењенежнскиот, Олштинскиот, како и Катедралниот Рид во Фромборк, каде живеел и работел астрономот Никола Коперник. Лиѕбарчкиот замок подоцна станал дом на Игнациј Красицки, наречен „Кнезот на полските поети“. Од посебно духовно значење се христијанските светилишта Швјента Липка во Мазурија и Гетшвалд во Вармија.
Варминско-мазурското Војводство има најбројно украинско население во ПолскаМалцински народи во Полска — Министерство за внатрешни работи и управа , што се должи на присилните преселби спроведени од СССР и полската комунистичка власт. Најпознат од овие потфати е операцијата „Висла“.
Градови и гратчиња мини|Олштин — седиште на војводството и најголем град во Вармија. мини|Елблонг — најголемиот град во западниот дел на војводството. мини|Елк — најголемиот град во Мазурија мини|Оструда — најголемиот град во западниот дел на Мазурија. мини|Езерското пристаниште во Миколајки. Војводството има 49 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:Stat.gov.pl
Управна поделба
Војводството е поделено на 21 округ, од кои 2 градски и 19 земски. Тие пак се делат на вкупно 116 општини.
Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2006)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи ЕлблонгElbląg80127.0551 ОлштинOlsztyn88176.5221Земски окрузиБартошички powiat bartoszycki 1.30961.354БартошицеГурово Илавецке, Биштинек, Семпопол6Брањевски powiat braniewski 1.20543.781БрањевоПјењенжно, Фромборк7Венгожевски powiat węgorzewski 69323.641Венгожево3Гижички powiat giżycki 1.11956.863ГижицкоРин6Голдапски powiat gołdapski 77226.989Голдап3Ѓалдовски powiat działdowski 95365.110ЃалдовоЛиѕбарк6Елблоншки powiat elbląski 1.43156.412Елблонг *Пасленк, Толкмицко, Млинари9Елчки powiat ełcki 1.11284.760Елк5Илавски powiat iławski 1.38589.960ИлаваЛубава, Суш, Кишелице, Залево7Кентшински powiat kętrzyński 1.21366.165КентшинРешел, Корше6Лиѕбарчки powiat lidzbarski 92443.006Лиѕбарк ВармињскиОрнета5Мронговски powiat mrągowski 1.06550.087МронговоМиколајки5Ниѓички powiat nidzicki 96133.955Ниѓица4Новомјејски powiat nowomiejski 69543.388Нове Мјасто Лубавске5Олечки powiat olecki 87434.215Олецко4Олштински powiat olsztyński 2.840113.529Олштин *Добре Мјасто, Бискупјец, Олштинек, Барчево, Јежорани12Острудски powiat ostródzki 1.765105.286ОструдаМоронг, Милаково, Миломлин9Пишки powiat piski 1.77657.553ПишОжиш, Руќане-Њида, Бјала Писка4Шчитенски powiat szczycieński 1.93369.289ШчитноПасим8* седиштето не е дел од округот
Галерија
Поврзано Вармија Мазурија Мазурски дијалект Мазурка
Наводи
Надворешни врски
Варминско-мазурско Војводство — официјално мрежно место
Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година