Алтитекне — врв на планината Плачковица со надморска височина од 1.411 метри. Врвот се издига во северниот дел од планината, на огранката која се испушта од врвот Чупино кон запад.М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012.. Врвот Алтитекне се издигнува на северната падина на Плачковица, јужно помеѓу селата Градец и Липец и помеѓу доловите на Градечка и Виничка Река. Потеклото на самиот топоним доаѓа од турскиот јазик со значење на шест (alti) букови издлабени поила, корита за вода, кораб-брод (tekne), какви што има и на неколкуте посилни водни извори во буковата шума под самиот врв.

Поврзано Лисец (Плачковица) Чупино Брдо (Плачковица) Туртел Кара Тепе (Плачковица)

Наводи

Категорија:Плачковица Категорија:Врвови во Македонија