Опсада на Новогеоргиевск била битка во Првата светска војна што се водела откако Германците ја пробиле руската одбрана за време на Офанзива Горлице-Тарнов и се приближиле до Варшава.
Русите решиле да ја бранат тврдината во Новогеоргиевск (денес Модлин) во Полска. Во тврдината имало 90.000 луѓе пред евакуацијата на Варшава, на 5 август. германската армија предводена од генерал Ханс хартвиг фон Беселер се приближила до Новогеоргиевск со 80.000 војници, вклучувајќи го моќниот воз за опсади, користен при освојувањето на Антверпен во 1914 година, шест 16 инчни (400 mm) и девет 12 инчни (300 mm) хаубици.
Новогеоргиевск бил опколен на 10 август, а бомбардирањето започнало неколку дена подоцна. Бомбардирањето било концентрирано на североисточната страна, северно од реката Висла. Германскиот напад бил успешен откако го фатиле главниот инспектор со детални карти за одбрана на тврдината. По тешките напади, Германците нападнале три од тврдините со 22 пешадиски баталјони и заробиле две од нив. Русите биле приморани да се повлечат северно од Висла.
Русите се предале на 20 август, и изгубиле 1.600 топови и околу 1.000.000 артилериски гранати. Во човечки жртви, загинале околу 90.000, меѓу кои 30 генерали.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
За опсадата За германските битки во 1915
Категорија:Битки на Германија во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна Категорија:Судири во 1915 година Категорија:Битки на Источниот фронт во Првата светска војна Категорија:Опсади на Русија Категорија:Опсади во Првата светска војна