Нада Гешоска ( во Прилеп — во ) — македонска драмска и филмска глумица.

Филмографија Година Филм Улога 1964 Под исто небо ТВ-филм Крстевица 1966 До победата и по неа ТВ-филм 1967 Домот на татко ти ТВ-филм 1967 Мементо ТВ-филм Мајката на Јана 1968 Планината на гневот ТВ-филм Невена 1969 Време без војна ТВ-филм Фронецица 1970 Вујковиот сон ТВ-филм 1970 Цената на градот ТВ-филм Стапица 1 1971 Жед ТВ-филм 1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Паца 1971 Пречек ТВ-филм Мајката 1972 Табакерата ТВ-филм Мајката на Сулејман-бег 1974 Средба ТВ-филм Дафина 1975 Јад ТВ-филм Хрисија 1975-1976 Патот кон иднината ТВ-серија 1977 Вапцаров ТВ-филм 1980 Оловна бригада ТВ-филм 1981 Самотија ТВ-филм Трпана 1981 Првите цутови ТВ-серија Бабата 1982 Илинден ТВ-серија Баба Мара 1984 Белото циганче ТВ-серија 1984 Камчевци ТВ-серија 1984 Лет во место ТВ-филм Султана 1986 Состојба пред инфаркт ТВ-филм 1987 Трето доба ТВ-филм 1988 За сега без добар наслов ТВ-филм Пекарка 1989 Кога меракот пее ТВ-серија 1990 Македонски народни приказни ТВ-серија 1992 Време, живот ТВ-филм Вера 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1997 Преку езерото ТВ-филм Евдокија 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија Бабата 2002 Наше маало ТВ-серија

Животопис

Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп во 1951 година. Била член на Драмата на МНТ во период од 1958 до 1964 година, а потоа се приклучила на Драмскиот театар во Скопје (1964-1984). Остварила повеќе значајни улоги во дела од домашни и странски автори.

Позната е по нејзините улоги како Магда во „Пат во злостор“, Елена Андреевна во „Вујко Вања“, Маша во „Галеб“, Мајката во „Крвава свадба“, Хекуба во „Тројанки“, Меланија во „Егор Буличов“ и други. Таа заедно со глумиците: Мери Бошкова, Милица Стојанова и Љупка Џундева се смета за една од најпознатите и најангажирани актерки и бардови на македонското глумиште.

Награди Награда „13 Ноември“ (1967) Награда за актерско остварување за улогата на ликот Султана во претставата „Лет во место“ на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1982) Награда „11 Октомври“ (1982) Награда „Златна колајна“ на Фестивалот за монодрама и пантомима - Земун, за монодрамата „Учителката“ (1985) Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1996)

Наводи

Категорија:Глумици од Прилеп Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Југословенски глумци