Лилјана Клисарова (моминско: Ѓорѓиева; во ) — македонска универзитетска професорка на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Животопис

Лилјана Ѓорѓиева Клисарова после работата како редовен професор на ПМФ, преминала на работа на Фармацевтскиот факултет во Скопје и заминала во пензија во 2002 година. Дипломирала (1962), магистрирала (1979) и докторирала (1984) во Скопје. Изведувала настава по органска хемија, органска стреохемија и хетероциклична хемија за студенти по хемија и по фармација. Главна научна преокупација и била синтезата и изолацијата на биолошки активни супстанции и следење на нивната антибактериска активност, макар што отпрвин работела во областа на аналитичката хемија. Објавила повеќе трудови во домашни и странски списанија, а презентирала и соопштенија на научни манифестации.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори