Даница Зафирова-Рогановиќ ( во ) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Животопис
Основно и средно образование завршила во Прилеп. На ПМФ во Скопје (Група за биологија) се запишала во 1968/69 година. Престојувала во Белград како студент на постдипломските студии од областа на молекуларната биологија (1972 - 1975). Во 1979/80 година престојувала на Институтот за патологија во Бостон, каде што била вклучена во тимот за примарни тумори на vesica urinaria. Докторирала во 1986 година. Во 1988 година е избрана за доцент на ПМФ во Скопје, а во 1994 година за вонреден професор. Во звањето редовен професор е избрана во 1999 година. Учествувала и била раководител на 8 проекти. Објавила 87 научни труда.
Наводи
Категорија:Луѓе од Шибеник Категорија:Македонски универзитетски професори