Благојка Демниева-Кузмановска ( во — во ) — македонска наставничка, комунистичка дејка и учесничка во НОБ.
Животопис
Окупацијата ја затекнува како студентка на Белградскиот факултет и припадничка на напредното студентско движење. Била член на КПЈ (1940), МК на КПЈ и МК на СКОЈ во Велес (есента 1941 година). Во декември 1941 била уапсена од бугарската полиција и по иследување од шест месеци е интернирана во Златоград, Бугарија до почетокот на 1943 година. Во февруари, по големата блокада на градот Велес повторно била уапсена и интернирана во женскиот логор „Св. Никола“ кај Асеновград, Бугарија. По краток престој на слобода, пак била уапсена и интернирана во селото Вршец кај Белогратчик во Бугарија, во периодот од април до август 1944 година. По ослободувањето веднаш се вклучила во НОАВМ. Била член на ОК на КПМ, на Првиот областен комитет на КПМ, Главниот одбор на АФЖ на Македонија, Главниот одбор на ССРНМ итн.
Поврзано
Алексо Демниевски - Бауман
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски дејци