Љубица Петровска ( во ) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметот систематика и филогенија на нижите растенија.

Животопис

Докторирала во 1961 година во Скопје, под менторство на познатиот алголог Иво Певалек од Загреб. Била на специјализација во Белград и Загреб и на четиримесечен студиски престој во Ботаничкиот институт во Виена, кај еминентниот алголог Лотар Гајтлер. Има објавено голем број трудови од областа на алгологијата и е одличен познавач и монограф на групата модрозелени алги. Автор е на монографијата „Модрозелени алги (Cyanophyta) на Република Македонија“ (1997), во издание на МАНУ.

Наводи

Категорија:Луѓе од Крива Паланка Категорија:Македонски универзитетски професори