Женидба — комедија на рускиот писател Николај Гогољ.
Ликови Главниот лик во драмата е дворскиот советник Потколесин кој не може да си најде соодветна жена, затоа што го бара совршенството. Истото го бара и Агафја, која постојано им наоѓа недостатоци на оние кои ја бараат за жена.Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 7.
Содржина
За делото Гогољ започнал да ја пишува комедијата „Женидба“ во 1833 година, првата редакција била завршена во 1834 година, но тој не бил задоволен и го преработил текстот, најпрвин во 1835, а потоа и во 1836 година, додека крајната верзија ја завршил дури во 1841 година.Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XVII-XVIII. Премиерата на „Женидба“ била одржана во 1842 година, а претставата поминала неславно, а според критичарот Белински, за неуспехот многу повеќе се заслужни глумците отколку самото дело. Сепак, некои критичари му забележале на Гогољ дека во „Женидба“ нема ни заплет, ни расплет, ни типови, ни духовитост, па дури ни веселост. Современите критичари сметаат дека современиците на Гогољ не ја разбрале добро драмата, како дело со „отворена структура“ кое не се затвора во некоја дефинитивна форма.Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 7. Сепак, според некои критичари, оваа комедија не е достојна на името на Гогољ.Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 6.
Исто како „Ревизор“, и оваа комедија е многу популарна и до ден-денес останала да се прикажува во театрите ширум светот. Иако според својот заплет, таа е слична на многубројните водвиљи што се прикажувале во тоа време, сепак нема ништо заедничко со нив, туку претставува реалистичко дело во кое е дадена слика на средните општествени слоеви. Со ова дело, Гогољ се јавува како претходник на големиот руски реалистички драмски писател А. Н. Островски.Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XLIII.
Наводи
Категорија:Дела на Николај Гогољ Категорија:Дела од 1834 година