Жоао Педро Кавако Кансело (роден на 27 мај 1994) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Ал-Хилал и на португалската репрезентација.

Технички одлики Десен бек, кој исто така може да игра како странично во средниот ред или, по потреба, како десно крило; опремен е со извонредна брзина и техника, и добри центаршутеви во офанзивната зона.

Клупска кариера Бенфика Роден во Бареиро, округот Сетубал, Кансело започнал да игра фудбал во локалниот клуб Бареиренсе. Во 2007 година, на возраст од 14 години, тој се приклучил на младинскиот систем на Бенфика каде што играл и како десен и како лев бек.

Откако ги минал сите младински категории на Бенфика (вклучувајќи го и вториот тим Бенфика Б за кој одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола), на 25 јануари 2014 го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како доцна замена во победата со 1-0 над Жил Висенте во Лига купот на Португалија. Својот прв настап во лигата го имал на 10 мај 2014, играјќи како стартер во поразот со 2-1 од Порто во натпревар во кој Бенфика веќе ја имала осигурано титулата во првенството.

Валенсија и Интер thumb|left|200px|Кансело во дресот на Валенсија На 20 август 2014 година, Кансело и се приклучил на шпанската Валенсија со договор за едногодишна позајмица. Неговото деби во Ла Лига се случило на 25 септември, играјќи го целиот натпревар против Кордоба на домашен терен во победата со 3-0; својата прва сезона во Валенсија ја завршил со 13 одиграни натпревари, во сите натпреварувања.

На 25 мај 2015 година, Валенсија трајно го откупила Кансело за 15 милиони евра, потпишувајќи договор со него до 30 јуни 2021 година.

Својот прв гол за "Лос Че" го постигнал на 16 септември во натпреварот од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите во кој Валенсија загубила на домашен терен од Зенит со 2-3. Пред крајот на сезоната, на 20 април, тој го постигнал и својот прв првенствен гол во победата со 4-0 над Еибар, исто така, на Месталја.

На 22 август 2017 година, Кансело му се приклучил на Интер со едногодишен договор за заем до 30 јуни 2018 година, со можност договорот на играчот да биде трајно откупен. Договорот бил склучен како размена на играчи на заем, така што Жофри Кондогбија заминал во спротивната насока. Своето деби за Интер го направил во Серија А четири дена подоцна, заменувајќи го Антонио Кандрева во 83-тата минута во победата со 3-1 на гостувањето кај Рома. Кон крајот на август 2017 се здобил со повреда на лигаментите на коленото, додека бил на репрезентативна должност, која го оддалечила од терените околу месец и пол. Тој се вратил во акција за време на победата со 3-2 над Милан во Дерби дела Мадонина, во кое ги одриграл последните 20 минути.

На 17 април 2018, го постигнал својот прв погодок за Интер во победата со 4-0 на домашен терен над Каљари, нафрлувајќи од слободен удар по што никој не ја допрел топката и таа завршила во мрежата. Сезоната ја завршил со вкупно 23 настапи и еден постигнат гол во сите натпреварувања, но исто така им помогнал на „нероаѕурите“ да изборат пласман во Лигата на шампионите во следната сезона, за првпат по шест години.

Јувентус

На 27 јуни 2018, Кансело се преселил во Јувентус за 40,4 милиони евра; потпишувајќи петгодишен договор со важност до 30 јуни 2023. Тој станал шестиот португалец кој играл за Јувентус по Руи Барос, Пауло Соуса, Димаш Теишеира, Тијаго Мендес и Жорже Андраде. Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 18 август 2018, во победата со 3-2 над во Верона; иако одиграл генерално добар натпревар, сепак во 55-тата минута тој бил виновник за досудениот пенал за домаќините заради направен фаул над Емануеле Џакерини во шеснаесетникот на Јувентус. Својот прв гол за Јувентус, Кансело го постигнал на 27 јануари 2019 против Лацио на Олимпико во Рим во пресврт победата со 2-1, влегувајќи од клупата за резерви само неколку минути претходно; тој исто така имал важна улога и при победничкиот гол бидејќи над него бил направен пеналот кој успешно го реализирал неговиот сонародник Кристијано Роналдо.

Својот прв трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија, после победата над , а во април го освоил и своето прво скудето во кариерата откако Јувентус триумфирал во Серија А.

Манчестер Сити На 7 август 2019, Кансело потпишал шестгодишен договор со англискиот Манчестер Сити во зделка вредна 28 милиони евра плус Данило кој се преселил во Јувентус како дел од трансферот.

Репрезентативна кариера Кансело играл во сите младински репрезентативни категории на Португалија од онаа под 16 до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година учествувал на Европското првенство во 2015 и 2017 година.

Во август 2016 година тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација од страна на селекторот Сантос; дебитирал на 1 септември, во пријателски натпревар против Гибралтар и притоа постигнал гол на своето деби. Следниот месец тој постигнал уште два гола во квалификациските победи над Андора дома со 6-0 и на гостувањето кај Фарски Острови (исто така 6-0).

Во пријателскиот натпревар со Холандија во март 2018, добил црвен картон во 61-вата минута што ја чинело Португалија катастрофален пораз од 3-0. Во мај 2018, Кансело се нашол на поширокиот список од 35 играчи на селекторот Сантос за Светското првенство 2018, но сепак подоцна испаднал од конкуренција и не се нашол во конечниот состав.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Бенфика Б СЛ 20 2 - - - - - - - - - 20 2 2013-2014 СЛ 31 1 - - - - - - - - - 31 1Вкупно Бенфика Б 51 3 - - - - - - 51 3 јан.-јун. 2014 Бенфика ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+1 0 ЛШ+ЛЕ 0+0 0 - - - 2 0 2014-2015 Валенсија ПД 10 0 КШ 3 0 - - - - - - 13 0 2015-2016 ПД 28 1 КШ 4 1 ЛШ+ЛЕ 6+1 1+0 - - - 39 3 2016-2017 ПД 35 1 КШ 3 0 - - - - - - 38 1 јул.-авг. 2017 ПД 1 0 КШ 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Валенсија 74 2 10 1 7 1 - - 91 4 авг. 2017-2018 А 26 1 КИ 2 0 - - - - - - 28 1 2018-2019 А 25 1 КИ 1 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 34 1Вкупно во кариерата 177 7 14 1 14 1 1 0 206 9

Титули Бенфика Примеира лига (1) : 2013-2014. Куп на Португалија (1) : 2013-2014. Лига куп на Португалија (1) : 2013-2014. Суперкуп на Португалија (1) : 2014.

Јувентус Серија А (1) : 2018-2019 Суперкуп на Италија (1) : 2018

Наводи

Надворешни врски

Жоао Кансело на soccerway Жоао Кансело на transfermakt Жоао Кансело на espn Жоао Кансело на tuttocalciatori Жоао Кансело на whoscored

Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Ал-Хилал Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026