мини|десно|250п|Ока во Орел. Ока () — река во средна Русија, најголема десна притока на Волга. Тече низ Орловската, Тулската, Калушката, Московската, Рјазањската, Владимирската и Нижегородската област. Долга е преку . Главниот град на Русија е наречен по нејзината притока Москва.
Име и историја Според Макс Фасмер, името на реката доаѓа од готскиот поим аƕа и старогорногерманското aha (спор. лат. aqua), со значење „вода“ или „река“.Васмеров етимолошки речник, прев. Олег Трубачов, том. 3, стр. 127. Олег Трубачов смета дека името е од балтичко потекло бидејќи западниот дел на сливот бил населен од балтичкото племе Гољади пред доаѓањето на Словените.
Во средниот век во поречието на Ока спротиводно од Таруса се простирале мали државички наречени „горни кнежевства“. Во 1221 г. владимирскиот кнез Јуриј II го основал Нижни Новгород со цел да го заштити вливот на Ока во Волга како стратешко место. Истиот подоцна прераснал во еден од најголемите градови во Русија. Во XV и XVI век во средното течение на Ока бил сместен Касимскиот Ханат, околу градот Касимов).
Ока и притоката Москва биле од исклучително стопанско значење за европска Русија сè до изградбата на железниците во средината на XIX век и Московскиот Канал (Москва - Волга) во 1930-тите, поврзувајќи ја престолнината Москва со реката Волга. Сообраќајот се одвивал бавно поради многуте свијоци на овие две реки. Пример за ова е холандскиот патописец Корнелис де Браун во 1703 г., кому му требале 10 дена од Москва до Нижни Новгород. Низводната пловидба била уште побавна бидејќи пловилата морале да се влечат со бурлаци.
Знаменитости На реката има многу места од културно-историско значење како средновековните манастири на Муром, џамиите на Касимов, утврдените градови (кремли) на Коломна и Серпухов, спомен-куќите на Василиј Поленов и Сергеј Есенин, ископаните остатоци од Стар Рјазањ и Шуховската кула на Ока.
На левиот брег спроти градот Пушчино се наоѓа Приочко-терасниот биосферен резерват, познат како одгледувалиште на бизони.
Поголеми притоки Орел Угра Жиздра Упа Протва Нара Москва Пра Осјотр Проња Пара Мокша Тјоша Кљазма Беспута
Градови на Ока
Орел Бељов Чекалин Калуга Алексин Таруса Серпухов Ступино Кашира Протвино Пушчино Коломна Рјазањ Касимов Муром Павлово Навашино Горбатов Ѕержинск Нижни Новгород
Поврзано Централен федерален округ
Наводи
Надворешни врски
Риболовен водич за Ока
Категорија:Слив на Ока Категорија:Реки во Русија Категорија:Географија на Владимирската област Категорија:Географија на Калушката област Категорија:Географија на Московската област Категорија:Географија на Нижегородската област Категорија:Географија на Орловската област Категорија:Географија на Рјазањската област Категорија:Географија на Тулската област Категорија:Притоки на Волга Категорија:Реки во Московската област Категорија:Реки во Владимирската област Категорија:Реки во Калушката област Категорија:Реки во Нижегородската област Категорија:Реки во Орловската област Категорија:Реки во Рјазањската област Категорија:Реки во Тулската област