Глутарната киселина е органско соединение со хемиска формула C3H6(COOH)2. Иако сличните "линеарни" дикарбоксилни киселини адипинска и килибарна киселина се растворливи во вода само неколку проценти на собна температура, растворливоста на глутарната киселина во вода е над 50% (w/w).
Биохемија Глутарната киселина е присутна во живите организми, а се јавува како продукт на метаболизмот на некои аминокиселини, вклучувајќи ги лизин и триптофан. Дефектите во овој метаболен пат можат да доведат до состојба наречена глутарна ацидурија, каде токсичните нуспроизводи се натрупуваат и можат да предизвикаат тешка енцефалопатија.
Добивање Глутарната киселина може да се добие со отворање на прстенот на бутиролактонот со калиум цијанид, за да се добие мешан калиум карбоксилат-нитрил кој се хидролизира до глутарна киселина. Хидролизата, проследена со оксидација на дихидропиран, исто така, дава како производ глутарна киселина. Таа може да се добие и со реакција на 1,3-дибромопропан со натриум или калиум цијанид, при што прво се добива динитрил, кој потоа подлегнува на хидролиза.
Употреба
1,5-пентандиол, чест пластификатор и претходник на полиестри, се произведува со хидрогенација на глутарна киселина и нејзините деривати. Самата глутарна киселина се користи во производството на полимери, како што се полиестерските полиоли и полиамиди. Непарениот број на јаглеродни атоми (т.е. 5) е корисен за намалување на еластичноста на полимерот. Увитонската киселина се добива со реакција на амонијак со глутарна киселина.
Наводи
Надворешни врски
Сметач: Активитет на вода и растворена супстанца во воден раствор на глутарна киселина (на англиски)
Категорија:Дикарбоксилни киселини Категорија:Органски киселини