Сиего де Авила () е една од покраините во Куба, која претходно била дел од покраината Камагвеј. Главен град е Сиего де Авила, кој се протега долж централниот автопат Каретера Сентрал, додека втор град по големина е Морон, кој лежи посеверно.
Вон северното крајбрежје се наоѓаат атоли кои се развиваат туристички одморалишта, главно островите Кајо Коко и Кајо Гвилермо. Јужното крајбрежје се одликува со ризофори.
Помеѓу Морон и северниот брег ма неколку езера, меѓу кои Лагуна де Лече (Млечно Езеро), наречено заради неговиот бел изглед кој се должи на присуството на варовни наслаги на тлото). Ова е најголемото природно езеро во земјата
Централниот дел од Сеиго де Авила се користи за говедарство, а другаде се одлгедуваат шеќерот, ананасот и агрумите.
Општини ОпштиниНаселение(2004)Површина(км²)МестоположбаБелешкиБарагва вклуч. ГаспарБоливијаВенецуелаМахагваМорон вклуч. Кајо КокоПримеро де ЕнероСиего де Авила Сиро РедондоФлоренсијаЧамбас
Извор: Население од пописот во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.
Наводи
Надворешни врски
Портал на Сиего де Авила
Категорија:Покраини во Куба