мини|285п|Атонската група споредена со орбитите на земјовидните планети во Сончевиот Систем.

Атонски астероиди — динамична група на астероиди чии орбити ги носат близу до Земјата. По дефиниција, Атоните се астероиди кои ја пресекуваат орбитата на Земјата . Групата е именувана споре астероидот 2062 Атон, првиот од тој вид, забележан за првпат од американскиот астроном Елеонор Хелин при Паломарската опсерваторија на 7 јануари 1976 година. Оттогаш, се откриени повеќе од 1.300 Атони, од кои многу се класифицирани како потенцијално опасни тела.

Опис

Атонските астероиди се дефинирани по тоа што поседуваат голема полуоска (a) помала од 1 астрономска единица (ае), просечното растојание меѓу Земјата и Сонцето. Тие исто така имаат афел (Q, најголемото растојание од Сонцето) поголем од 0,983 ае. Со што станува збор за астероид кој ја пресекува орбитата на Земјата, бидејќи орбитата на Земјата се движи меѓу 0,983 и 1,017 ае.

Орбитите на астероидите се доста занесени. Орбитата на Атонските астероиди целосно треба да биде во орбитата на Земјата, како што сите познати Атони имаат афел поголем од 1 ае иако нивните големи полуоски се помали од 1 ае. Набљудувањето на телата долни во однос на Земјината орбитае тешко и оваа потешкотија можно е да е причина за пристрасноста при изборот е очигледното преовладување на занесеноста на Атоните. Атоните се 7,4% од познатите близуземски астероиди. Попознати и во поголем број се Аполонските астероиди, ова најверојатно се должи на пристрасноста при изборот.

Најкусата голема полуоска на познат Атонски астероид е онаа на од 0,580 ае. Атонски Астероид со најмал познат перихел е оној со најголемата позната занесеност, односно кој има занесување од 0,895, што би значело перихел од 0,092 ае, што е многу во внатрешноста на орбитата на Меркур, до афел од 1,66 ае. За кусо време кон крајот на 2004 година, астероидот 99942 Апофис (тогаш познат по привремената ознака ) за кој се претпоставуваше дека претставува закана за Земјата во 2029 година, но со понатамошни набљудувања е отфрлена можноста од судир со Земјата. Постоеше исто така мала можност за судир во 2036 година но и за таа се покажа дека е невозможна.

Атири

Постојат и 18 познати Атирски астероиди (познати и по имато Апохели), и традиционално се сметаат за подгрупа на Атоните, од страна на Центарот за мали планети, но честопати се сметаат за посебна група. За разлика од Атоните (Q > 0,983 ае), Атирите постојано остануваат во внатрешноста на Земјината орбита и не ја минуваат (Q < 0,983 AU).

+ Дефиниција на НЕО подгрупи во ае  Група q a 1 Q ЕКА Амори > 1.017 поголемо – Аполони < 1.017 поголемо – Атони – помало > 0.983 Атири – помало < 0.983 За сите НЕО q е < 1,3 ае; Орбитата на Земјата се движи меѓу 0,983 и 1,017 ае

Поврзано Алиндски астероиди Аморски астероиди Аполонски астероиди

Наводи

Надворешни врски

*