мини|Урош Петровиќ Урош Петровиќ (8. Април 1967 година, Горњи Милановац) — српски писател. Се занимава и со илустрација и фотографија.

Животопис Урош Петровиќ е роден на 8 април 1967 година во Горњи Милановац. Од 1975 година, живее во Белград. Автор е на фантастични романи, романи во загатки и загадочни приказни. Се одликува со иновативен пристап кон литературата за деца и млади. Книгите му се објавувани во Италија, Унгарија, Грција, Македонија, Словенија и Чешка. Добитник е на голем број награди од областа на книжевноста и фотографијата. Има објавено повеќе приказни, статии, песни, илустрации и фотографии во поголем број на летописи, дневни весници, списанија и антологии. Од 2008 година до 2013 година бил претседател на Менса Србија. Основач е на Фотографското првенство на Менса. Соавтор на програмата „NTC Систем на учење“ и автор на концептот на „Загадочни прашања“, кои го поттикнуваат развојот на функционалното знаење и креативниот начин на размислување. Гостува како предавач на факултети, училишта и други образовни институции во Србија и во странство. 

Библиографија:

Авен и јазопес во земјата на вауците, (2003, 2005 година) Приказни од другата страна, приказни, (2004) Загадочни приказни - книга прва, (2006) Загадочни приказни - книга втора, (2006) Петтата пеперуга, (2007) Загадочни приказни - книга трета, (2007) Тајните на Гинковата улица, (2008) Загадочни приказни - книга четврта, (2009) Мрачните тајни на Гинковата улица - роман во загатки (2011) Загадочни приказни - книга петта, (2012) Децата на Бестрагија, (2013) Тајните вештини на Марта Смарт, (2013) Големата загадочна авантура на Марта, (2014 година) Караванот на чудата, (2016 година) Марта Смарт и панаѓурот на загатките - роман во загатки (2016 година) Приказната за Јанг, (2017)

Книжевни награди

Награда „Невен“ (2006) Наградата „Доситеј“ за една од трите најдобри книги по избор на децата од постара возраст (2006) Награда на Змаевите детски игри „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади (2007) Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2007) Награда на компанијата Новости „Гордана Брајовиќ“ за најдобра книга за деца и млади (2008 година) Награда „Невен“ (2008) Златна значка на Културно-образовната заедница на Србија за придонес во културата (2009) Награда на Змаевите детски игри за придонес кон современиот израз во литературата за деца (2011) Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2011) Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2012) Награда на Змаевите детски игри „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади (2013) Плакета за исклучителен придонес во областа на културата и образованието, Сокобања (2014) Личност на годината за 2015 година по избор „Деница за млади“ на фондот на Вук Караџиќ во Белград (2015) Награда на Змаевите детски игри „Сино перче“ за најдобра книга за деца и млади (2017) Диплома за почесен граѓанин на Панонија (2017) Награда „Невен“ (2017)

Изданија на други јазици

Tördafejed-mesék - Második könyv, Pillangó kiadó, Унгарија Мистериите на Гинковата улица, Education Counseling Center, Македонија I misteri della Strada del Ginko, Secop Edizioni, Италија Az ötödik pillangó, Pillangó kiadó, Унгарија Αινιγματικές ιστορίες, Εκδόσεις Αερόστατο, Грција A rejtelmes Ginkó utca, Pillangó kiadó, Унгарија Петтата пеперуга, TOPER, Македонија Tördafejed-mesék - Elsö könyv, Pillangó kiadó, Унгарија Enigmatické hádanky - Kniha třetí, Mensa CR, Чешка република Áven és a kutyorz Vaúföldön, Pillangó kiadó, Унгарија Riddle Tales, Laguna Misteriji Glinkove ulice, Mladinska knjiga, Словенија Temačne skrivnosti Glinkove ulice, roman v ugankah, Mladinska knjiga, Словенија Загадочни приказни - Книга прва, Арс Ламина, Македонија Загадочни приказни - Книга втора, Арс Ламина, Македонија

Филмографија

Петтата пеперуга, првиот српски 3D филм

Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Српски писатели Категорија:Српски писатели за деца Категорија:Српски писатели на фантастика Категорија:Српски писатели на научна фантастика